Информативна сесија за институционални грантови

Денеска, 22.12.2015 година, во просториите на Општина Аеродром се одржа информативна сесија за вториот повик на Цивика мобилитас за институционални грантови.Повикот се однесува на граѓански организации кои се регистрирани во Македонија согласно Законот за здруженија и фондации од 2010 година. Институционалните грантови на Цивика мобилитас ќе го поддржат процесот на институционален развој и организациско јакнење на избраните корисници на грантови, засновани на самооценка на апликантите и од нив предложени „патокази“ за сопствената организациска трансформација.
Секоја граѓанска организација ќе може да поднесе само една пријава на овој повик. Добитниците на грантови на овој повик нема да можат да добијат друг институционален или акциски грант во оваа фаза на Цивика мобилитас (2014-2018 година). Оценката на пријавите и изборот на корисниците ќе го прави Комисија за избор на грантови.
Големината на грантовите на годишно ниво ќе биде меѓу 1.000.000 и 2.000.000 денари. Расположливиот вкупен износ за овие грантови изнесува 70.000.000 денари. Грантовите од овој повик се за период од 2 години (24 месеци).
Поддршката на институционалните корисници на грантови за втората година ќе зависи од нивните достигнувања и ќе биде предмет на одобрување од Комисијата за избор на грантови. Краен рок за поднесување на пријавите е 15 јануари 2016 година, до 16:00 часот, до кога треба да бидат примени сите пријави, вклучително и оние донесени лично или испратени по курирска служба или по пошта.
Пријавите се испраќаат на адреса: Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) за програмата Цивика мобилитас, ул. „Никола Парапунов“, бр. 41а Поштенски фах 55, 1060 Скопје. Подетални информации за повикот се дадени на следниот линк: https://www.civicamobilitas.org.mk/mk/komponenti/2/cm-ins-02.Повикот се однесува на граѓански организации кои се регистрирани во Македонија согласно Законот за здруженија и фондации од 2010 година. Институцио

Пронајдете не на следниве мрежи: