Инспирацијата е показател колку вистински живееме

Инспирација е ненадеен поттик за духовно создавање и творење. Латинскиот израз за инспирација е спиритус, што означува дишење, живот, дух. Инспирацијата е како воздух секогаш присутна и возможна, само е потребно да се изложиме на нејзиното влијание. Додека создаваме сме поврзани со сегашниот момент и нашата мисловна креација која е резултат на нашата инспирација. Инспирацијата е поврзана со љубовта према тоа што сакаме да го создадеме.Нашите желби и цели кои што се поврзани со нашата инспирација се секогаш достижни.
Сите сме на некој начин уметници, креирајќи си го сопствениот живот. Секој момент од нашиот живот е многу важен и кога ќе помине, никогаш повеќе не може да се врати. За да го исполниме тој момент со задоволство и да го живееме животот 100%, потребно е да се поврземе со нашата вистинска желба која непрестано нѐ инспирира. Желбата можеме да је препознаеме единствено доколку се свртиме према себеси и го наслушнеме нашиот внатрешен глас. Нашето „Вистинско ЈАС“ ни ги кажува правите желби, кои што се создадени од љубов према себеси.
Кога правиме нешто од љубов, чувствуваме неисцрпна инспирација, која ни дава истрајност за да ја постигнеме нашата цел.
Доколку поставуваме цели или имаме желби, кои што се базирани на потреба, нема да можеме да се поврземе со нашата инспирација, а тоа го става во прашање нашиот успех за таа цел или желба. Каква истрајност и трпеливост во случај да не тргне онака како што сме замислиле, можеме да имаме за цел која не се базира на љубов, која потреба би нѐ инспирирала за да продолжиме?
Секој од нас во себе носи длабоки вистини, кои за да ги препознае и освести, најпрво мора да се поврзе со самиот себе.Кога ќе бидеме поврзани со самите себе ќе сфатиме дека ние сме еден дел од светот, природата и целиот Универзум. На тој начин функционираме како една целост и со самата таа поврзаност сме одговорни за сѐ што се случува околу нас и со нас. Одговорноста према самите себе го поставува прашањето: Како ние живееме и колку мислиме дека заслужуваме? Кога би се ослушнале самите себе, би сфатиле дека заслужувате апсолутно се и дека ја поседувате целата потребна среќа на овој свет. Човекот е создаден од љубов, живее за љубов и умира мислејќи на љубов. Единствената инспирација е во љубовта, љубовта спрема животот.
Дали можете да чувствувате љубов спрема особа што не ја познавате? Дали можете да ги знаете нејзините желби?
„Запознајте се себеси и препознајте ја вашата инспирација, тргнете по тој пат и направете креација која означува 100% живот.“
Пишува: Илина Чичевска-Life coachНашите желби и цели кои што се поврзани со нашата инспирација се секогаш достижни.
Сите сме на некој начин уметници, креирајќи си го сопств

Пронајдете не на следниве мрежи: