Instagram хит: Барби паста што се подготвува многу лесно

Барби манијата не го заобиколи ниту кулинарскиот свет, а последниве неколку дена на Instagram кружат различни рецепти за „Барби паста“. Лесно се подготвува, а судејќи по коментарите на корисниците, и многу е вкусна.

Состојки:
1 поголемо цвекло
1 чешне лук, но во зависност од вкусот може и повеќе
100 гр фета сирење
80 гр јогурт
сол
бибер
тестенини

Подготовка:
Излупете го цвеклото и сварете ги тестенините. Цвеклото и фета сирењето исечкајте ги на коцки и ставете ги во блендер заедно со лукот, јогуртот и зачините. Блендирајте додека не добиете компактен сос.
Соединете ги тестенините и сосот, но не заборавајте да додадете малку вода во која се варени тестенините. Послужете и украсете со зачини по желба.
И не само што оброкот ќе биде пријатен за око, туку и ќе уживате во неговиот добар вкус.
Цвеклото е богато со минерали како магнезиум, калиум, калциум, железо и сулфур. Исто така, може да се пофали и со групата на Б витамини, меѓу кои најмногу се истакнува фолната киселина, како и со витаминот Ц, заради што цвеклото претставува одличен избор за трудниците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.