Општина Илинден во соработка со компанијата ЕВН Македонија продолжува со реализација на активностите од проектот „Подобрување, модернизирање и осовременување на електро-дистрибутивната мрежа и напојување во општината“.Во насока на подобрување на квалитетот, постојаноста и стабилноста на протокот на електрична енергија, истанлирани се 2 нови трафостаници со поголем капацитет во нас. Илинден и н.м. Бујковци. Со изградбата на овие трафостаници кои располагаат со моќност од 400 kw, продолжува успешната соработка меѓу општина Илинден и ЕВН, во рамките на која се реализирани повеќе проекти во насока на граѓаните на општина Илинден да им се обезбедат подобри и поквалитетни услуги.
Во рамките на проект за изградба на нова и реконструкција на старата дистрибутивна мрежа во општина Илинден, претстои реконструкција на 20 kV далекувод со кој ќе бидат опфатени населените места Мршевци, Бујковци, Текија и Дељадровци, како и реконструкција на енергетската мрежа во Марино.
Со досега реализираните, како и со новите проекти значително се подобрува квалитетот на напојувањето, односно напонските прилики во индустриските зони, како и квалитетот на снабдувањето со електрична енергија на сите постоечки корисници во општина Илинден.Во насока на подобрување на квалитетот, постојаноста и стабилноста на протокот на електрична енергија, истанлирани се 2 нови трафостаници со