Институтот за комуникациски студии (ИКС) е основан од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во 2013 година. Институтот е водечка научно-истражувачка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање.ИКС во Македонија има двоен фокус: со академските и применетите истражувања да ја унапредува науката и да им биде поддршка на практичарите; и преку постдипломските студии да изгради мрежа на млади истражувачи кои ќе ги зајакнуваат столбовите на овие научни дисциплини. Институтот ги има следниве основни цели:
– ИКС развива академски и применети истражувања кои ќе го надградуваат знаењето во сферата на комуницирањето, медиумите и односите со јавноста;
– Институтот гради темелна истражувачка база која ќе биде користена за процесот на образование во областа на комуницирањето, медиумите и односите со јавноста;
– ИКС промовира иновативни идеи во истражувањата што се поврзани со потребите на индустријата;
– Го поттикнува развојот на младите кадри во истражувачката дејност преку вклучување на студентите и на младите истражувачи во оваа област;
– Институтот ги вложува своите ресурси во јакнењето на професионалните стандарди во областа на новинарството, односите со јавноста и корпоративното комуницирање.
– Со публикување на резултатите од истражувањата за актуелни теми и прашања да се даде придонес во јавната дебата и во градењето на политиката во областите во кои работи Институтот.
ТВ реклама за уписи на ИКС from ИКС on Vimeo.ИКС во Македонија има двоен фокус: со академските и применетите истражувања да ја унапредува науката и да им биде поддршка на практичарите; и преку
Пронајдете не на следниве мрежи: