Денеска, 19.4.2016 година, во просториите на Општина Аеродром се одржа презентација на неодамна изготвената Стратегија за рурален развој за Долно и Горно Лисиче 2016 – 2021.Стратегијата ќе биде од корист за руралниот дел на општината и претставува појдовна основа за секој индивидуален земјоделец и земјоделско стопанство, кои имаат намера да аплицираат за средства од ИПАРД програмата. Целта на Стратегијата за рурален развој за Долно и Горно Лисиче 2016 – 2021, која е изработена врз основа на Националната стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2014 – 2020 на Република Македонија, е да се подготви и насочи стратешкото планирање во областа на руралниот развој, со развиена инфраструктура, воспоставени производствени капацитети во областа на земјоделството и развиена индустриска зона.
Исто така, преку реализацијата на планираните процеси на активности се предвидува подобрување на конкурентноста на руралните средини, подобрување на квалитетот на животот на руралното население, зголемување на приходите, како и создавање нови можности за вработување.
Средствата за изработката на Стратегијата се обезбедени од Буџетот на Општина Аеродром, како и од европски фондови преку Министерството за локална самоуправа.Стратегијата ќе биде од корист за руралниот дел на општината и претставува појдовна основа за секој индивидуален земјоделец и земјоделско