Интел и Ардуино дебитираат со плоча за развивање со кореспондирачки програм за едукација дизајниран за младите што учат

Рим, 16-ти октомври, 2015 – Корпорацијата Интел, заедно со основачите на Ардуино*, го објавија претстојното лансирање на Ардуино 101 (С.А.Д.) и Генуино 101 (надвор од С.А.Д.), достапна плоча за учење и развој, идеална за креаторите почетници и образовните средини. Ардуино 101 е првата широко достапна плоча за развивање базирана на малиот, ниско-енергетски Intel® CurieTM модул.Покрај тоа што е лесен за користење и добро прилагоден за основни вежби за учење, Ардуино 101 може да се користи и како прототип технологија за продукти што пресметуваат и се поврзани, благодарение на моќните карактеристики на Интел Кири модулот. Цената е на ниво на „entry-level” микроконтролери и плочи достапни денес, вклучувајќи акцелерометар, жироскоп и Bluetooth Smart* конекција, да се овозможи развој на „паметни“, поврзани уреди.
Плочата се приклучува на редовите на софтвер со отворен код на електронската платформа на Ардуино, која ги комбинира достапните хардвер дизајни, богат екосистем „third-party“ компоненти, како и софтвер за програмирање, што го прави лесен за секој да креира интерактивни проекти.
„Поддршката на младите и надежни претприемачи и млади студенти секогаш бил приоритет на Интел и со партнерството со Ардуино, ние ја носиме моќта на Интел до новата генерација креатори“, изајви Џош Валден, сениор заменик претседател и генерален менаџер за нова технологија во Интел Груп. „Со напредните карактеристики на Интел Кири модулот, вградени во Ардуино 101 плочата, младите ученици и програмери сега можат да креираат навистина уникатни, „паметни“ и поврзани креации.“
Плочата базирана на Интел Кири, исто така, ќе биде вклучена како прототип алатка за учесниците на America’s Greatest Makers, нов реален натпревар кој доаѓа  на Turner Broadcasting* телевизија и дигитални платформи во 2016, а во продукција на извршниот директор на United Artists Media Group* – Марк Бурнет.
Ардуино 101 во училницата
Ардуино 101 ќе биде инкорпорирана во Creative Technologies in the Classroom (CTC) курс за физички компјутинг реазвиен и тестиран од страна на Ардуино и во моментов распореден во повеќе од 300 училишта. CTC е првиот курс за физички компјутинг во светот за основни и средни училишта и ги обезбедува едукаторите со алатки, поддршка и доверба потребна за да се воведат студентите во основите на програмирањето, електрониката и механиката. Интел ќе биде во блиска соработка со Ардуино за во наредните години да се донесе CTC програмата во училиштата ширум светот. Ардуино 101 ќе ја негува следната генерација на професионалци во технолошката индустрија, претприемачи и иноватори.
„Оваа полоча веше развиена во блиска соработка со Интел, а се проширува на нашите образовни курсеви за да се инкорпорираат поврзување и напредни функции кои ги очекуваат денешните студенти програмери“, изјави Масимо Банци, ко-основачот и извршен директор на Ардуино. “Преку нашата работа со Интел, ние дојдовме во можност да створиме глобална заедница на креатори почетници и на студенти со сеопфатен вовед во физички компјутинг. Сега со повеќе напредни, моќни технолошки решенија ќе се помогне да ги донесат своите визии во реалноста“.
Ардуино 101 ќе биде достапна во првата четвртина од 2016 со препорачана продажна цена од 30 долари (приближно 27 евра). Плочата изработена од Интел ќе биде во продажба под Ардуино 101 брендот во Соединетите Држави и под брендот Генуино 101 надвор од Соединетите Држави. Ќе биде достапна кај различни дистрибутери и продавачи кај кои можат да се купат и други „Intel maker„ и иновативни продукти, како Amazon*, Conrad Electronic*, Farnell Element 14*, Microcenter*, Mouser*, RadioShack*, RS Components* и SparkFun*.Покрај тоа што е лесен за користење и добро прилагоден за основни вежби за учење, Ардуино 101 може да се користи и како прототип технологија з

Пронајдете не на следниве мрежи: