Интензивни преговори во Минск: Путин скрши пенкало од нервоза!

Рускиот претседател Владимир Путин, украинскиот претседател Петро Порошенко, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, водеа напорни разговори во Минск кои траеле 17 часа.Конечно, се постигна некакво решение, а за тоа колку разговорите биле интензивни, најдобро зборува фактот дека Путин скршил пенкало за време на разговорот.
Страстите се разгореле кога Порошенко буквално истрчал од салата за состаноци, по „бурната расправија“ со Путин.
Веднаш потоа, рускиот претседател го продолжил разговорот со Ангела Меркел и Франсоа Оланд, па во еден момент го скршил пенкалото кое цело време го држел во рацете.
-Ова не е најдобрата ноќ во мојот живот, но и покрај сите потешкотии во преговарачкиот процес, успеавме да се договориме за главните прашања. Потпишавме документ за примена на договорот од Минск. Вториот документ е изјава со која претседателите го поддржуваат процесот, рекол Путин.
И додека западните аналитичари оценуваат дека Русија со овие преговори го добила тоа што го сакаше, Путин само најави прекин на огнот на 15 февруари.
Договорот кој ќе стапи на сила на 15 февруари, во недела, овозможува содзавање на поширока тампон зона.
Првите три точки се:
1. Примирје,
2. Отстранување на тешкото наоружување,
3. Надгледување на ОБСЕ со помош на сателити и дронови.
Според усвоените документи, сите страни на наоружаните групи, воената опрема и платениците, треба да ја напуштат Украина под контрола на ОБСЕ, пренесе „Спутник“.
Конечно, се постигна некакво решение, а за тоа колку разговорите биле интензивни, најдобро зборува фактот дека Путин скршил пенкало за време на раз

Пронајдете не на следниве мрежи: