Трендот на подобрување на уличната мрежа во Општина Берово продолжува и во втората половина од 2016 година, во која градоначалникот на општина Берово најави дека ќе се продолжи со реализација на проекти од патната инфраструктура со кои значително ќе се допринесе за подобрување на условите за одвивање на сообраќајот.Една од улиците која беше најавена и веќе во тек е интензивна изградба е и улицата “Балканска“ која е една од последните улици без асфалт во Берово и која наскоро ќе добие сосема нов лик.
Улицата ќе биде асфалтирана во должина од околу 320 метри почнувајќи од раскрсницата со ул.“Братство и единство“ се до спојката со ул“Прохор Пчински“, две улици кои се изградени во претходните години.
Според проектната документација, ширината на улицата ќе биде 6 метри со изградба на тротоарска површина од двете страни со ширина од по еден метар.
Истата ќе биде асфалтирана со абечки слој АБ11 со дебелина од 5 сантиметри врз Битуменски носив слој БНС22 со дебелина од 7 сантиметри и претходно стабилизирање на трупот на патот со тампонски слој од дробеник во дебелина од 30 сантиметри.Една од улиците која беше најавена и веќе во тек е интензивна изградба е и улицата “Балканска“ која е една од последните