Интензивно се работи на изградба на плоштадот во населбата Тризла

Интензивно се работи на изградбата на плоштадот – парк во населбата Тризла, кој се гради веднаш до новата џамија. Вредноста на овој проект изнесува околу 1,5 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на декадата на Ромите, преку министерот без ресор, Неждет Мустафа. 
 
 
„Благодарение на заложбите на Владата и секако на министерот без ресор Неждет Мустафа, кој од декадата на Ромите донираше средства, се уредува овој простор околу џамијата во населбата Тризла. Самата џамија ќе се огради, ќе се изгради шадрван, при што потоа ќе се пристапи кон поплочување на плоштадот и партерното уредување на овој простор. Со тоа ќе биде заокружено уредувањето околу просторот на џамијата во населбата која ќе претставува едно прекрасно катче кое ќе го користат жителите“; истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Ристески изврши увид и во градежните активности кои се одвиваат околу изградбата и на самата џамија, која се гради со донации. Најголеми донатори се иселениците Роми од целиот свет, општина Прилеп, господинот Амди Бајрам, како и самото муслиманско население во населбата.  

„Градоначалникот Марјан Ристески често доаѓа во посета на џамијата во населбата Тризла за да изврши увид во тоа како се одвиваат градежните активности тука. Сега џамијата ќе добие партерно уредување и шадрван кој што е донацијата од министерот без ресор Неждет Мустафа, во соработка со општина Прилеп. За нас овие проекти се драгоцени кои се реализираат тука затоа што за муслиманите од Тризла беше сон да имаат џамија каде што слободно ќе можат да ги изведуваат своите верски обреди“, рече Алмир Сулејманоски, имам во џамијата во населбата Тризла во Прилеп.
„Голема благoдарност до сегашната актуелна локална власт во Прилеп што го постигнавме ова и се надевам дека таа соработка ќе продолжи и понатаму. Оваа џамија започнавме да ја градиме во 2012 година и таа се изгради за рекордно време“, кажа Самит Бајрамоски, претседател на верска заедница Ехли Сунет Велџема.
Според динамиката на работа изградбата на плоштадот и партерното уредување треба да бидат завршени за неколку недели.
 
 
  
 
 
„Благодарение на заложбите на Владата и секако на министерот без ресор Неждет Мустафа, кој од де

Пронајдете не на следниве мрежи: