Со средства обезбедени од Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт, во напредна фаза е изградбата на повеќенаменско спортско игралиште кое се гради до објектот на старата гимназија во Берово.Реализацијата на овој проект е дел од предизборната програма (2013-2017год) на градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински, и истото се гради преку проектот на Владата на РМ за изградба на 100 повеќенаменски рекреативни игралишта на територијата на Република Македонија.
На теренот кој ќе биде со површина од 45 на 28 метри е предвидено да бидат поставен два гола за рекреативно спортување на мал фудбал и ракомет, како и четири коша за реакреативно играње на кошарка. Целата површина на теренот ќе биде оградено со ограда во висина од 6 метри, додека заради можноста од користење на теренот во вечерните часови, истиот е предвидено да биде и осветлен.
Проектот е предвиден да биде завршен до средината на август и е еден од проектите кои ќе се реализираат на овој простор до старата гимназија каде со Израелска донација до крајот на септември ќе биде поставена и опрема за детско игралиште, додека со средства од Владата е предвидено до крајот на годината да се изгради и финтес зона.Реализацијата на овој проект е дел од предизборната програма (2013-2017год) на градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински, и истото се гради