Никој не сака кога храната ќе загори, односно кога скапите намирници ќе се залепат за дното на тавчето. Ако немате посебно тефлонско тафче кое е дизајнирано за оброк без лепење , можете да се послужите и со овој трик кој пали баш секој пат.Храната ќе се залепи за дното на тавчето доколку немате садови кој ви одговараат, односно ако намирниците сте ги ставиле на површина која не е загреана.
Eкспертите пресметале дека оптимална температура за печење без лепење е 160 степени Целзиусови.
Вешти познавачи на кулинарството знаат таа температура да ја препознаат „од око“, a сите останати можат да се послужат со овој трик.
Чисто тавче без никакви маснотии како што е путер или зејтин ставете го на шпорет и оставете да се загрее. Кога мислите дека е доволно жешко додајте на површината капка вода.
Ако со водата ништо не се случува, тавчето е преладно. Ако почне да врие и испари во секунда – тавчето уште не ја постигнало оптималната температура.
Температурата ќе биде идеална дури кога водата ќе почне да се однесува како пак на лед на хокејски натпревар.
Во видеото попогледнете го тестот за оптимална температура на тавчето за печење и уживаје во совршено испечена храна.
Храната ќе се залепи за дното на тавчето доколку немате садови кој ви одговараат, односно ако намирниците сте ги ставиле на површина која не е загр


