ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ: Мозокот има исто количество маснотии како кајмакот, Хитлер се плашел од мачки…

Во новата книга што е објавена од страна на тимот на квизот „QI“, на чело со Стивен Фрај, постојат дури 1.411 неверојатно интересни податоци. Да речеме дека пред 385 милиони години рибите имале прсти, или дека Хитлер, Мусолини и Черчил имале паничен страв од мачки. Во претставуваме некои од поинтересните податоци од оваа книга.За државниците
Оливер Кромвел, кој бил еден од најзаслужните за задушување на побуната против британската круна, бил откопан од гробот и обезглавен два месеци по погребот.
Клеопатра напишала книга за шминкањето.
Озлогласениот поздрав „Хајл Хитлер“ е дозволен во Швајцарија, сѐ додека искажува лично мислење на поединецот.
Хитлер, Мусолини и Черчил имале паничен страв од мачки. Тие не можеле да го поднесат престојот со овие животни во иста просторија.
Винстон Черчил помеѓу 1908 и 1965 година испил околу 42 илјади шишиња шампањско.

 

За храната
Популарните начоси ги измислил човек по име Начо.
Текилата не би постоела без лилјаците. Агава, растението кое го опрашуваат лилјаците, е главна сировина од која се прави традиционалниот мексикански алкохолен пијалок.
Авокадото е фатално за коњите.
Постојат преку 1.000 видови на банани. Ние јадеме само еден вид.
Доколку направите омлет од сите јајца кои годишно се произведуваат во светот, тој омлет би бил со големина на Северна Ирска.
Човечкиот мозок содржи исто количество маснотии како кајмакот.
За животните
Бројот на јазици што ги зборуваат луѓето е поголем од вкупниот број на цицачи на планетата.
Доколку гепардот трча со полна брзина повеќе од 30 секунди, може да претрпи сериозно оштетување на мозокот.
Преку 95% од пајаците кои ги имате во домот, никогаш не излегле надвор.
Глувците не гледаат црвена светлина.

За науката
Чарлс Дарвин им дозволил на неговите деца да цртаат на оригиналниот примерок од неговата книга „Потекло на видовите“.
Тлото во вашиот двор е старо 2 милиони години.
Приказната дека седењето преблиску до телевизорот е штетно, ја измислил еден произведувач на лампи.
На секои две минути се случува по еден земјотрес во светот.
Мирисот на покосена трева, растенијата ги сфаќаат како повик за помош.
Чизмите на Нил Армстронг и понатаму лебдат во вселената.
Стивен Хокинг во 2000 година организирал забава за временските патници. Никој не се појавил.
Занимливости
Се очекува дека до 2019 година на планетата ќе има повеќе Лего фигури, отколку луѓе.
Во Париз постои само еден сообраќаен знак „стоп“.
Имате 20 пати повеќе шанси да доживеете смртоносна несреќа дома, отколку да добиете на лото.
26 ноември 2012 година, е прв ден по 1960 гофина, во кој не беше пријавено ниедно убиство во Њујорк.
Луѓето во 90% од случаите можат да препознаат некоја личност според начинот на одење.
Затворениците во Алкатраз секогаш се туширале со топла вода, за да не се привикнат на климата и да се обидат со пливање да избегаат од затворот.
Во 1941 година постоеле само 11 држави со демократско уредување.
Постојат 12% шанси дека играњето на популарната игра „Монопол“ може да биде вечно.
Спартанците добивале име на надгробниот споменик само доколку загинале во некоја битка.За државниците
Оливер Кромвел, кој бил еден од најзаслужните за задушување на побуната против британската круна, бил откоп

Пронајдете не на следниве мрежи: