Интернетот со донации му се оддолжи на искрениот бездомник!

Позитивна приказна од реалноста, приказна која мотивира и ја враќа надежта дека луѓето можат да бидат и добри!Бездомникот Глен Џејмс од Бостон, нашол ранец со 40 илјади долари во него и истиот го однел во полиција. После неколку дена човек со помош на интернетот реши да покрене донација за да го награди овој искрен бездомник.
За само 24 часа, донацијата на сајтот GoFundMe веќе ја надмина бројката од 20 илјади долари. Човекот кој реши да ја покрене оваа донација на интернет се вика Етан Витингот (27-годишен) и вели дека искрениот бездомник заслужува да биде награден со 50 илјади долари!

 
„Веб сајтот го почнав за да помогнам минимално на луѓето, но сега е можно да помогнеме и на повисоко ниво.“ – вели Етан кој задвчера откако го направил акаунтот за оваа донација, твитнал на твитер и веќе за 24 часа собрал 20 илјади долари, а во моментов веќе се собрани цели 124 илјади долари!
Извор: think.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: