Интерпол ја објави листата на најбарани лица во светот за извршени злосторства против животната средина

Меѓународната полициска агенција Интерпол ја објави листата на најбарани лица во светот за извршени злосторства против животната средина.За злосторства против животната средина се смета илегалната трговија со слонова коска, незаконско сечење дрва, лов и илегален риболов – пренесе Businessweek.
На прво место на списокот на Интерпол се наоѓа Ахмед Камран, за кого се тврди дека платил за транспорт на пет живи жирафи и африкански антилопи импала. Животните биле транспортирани со воен авион од меѓународниот аеродром Килиманџаро во Северна Танзанија до Катар.
Во Катар африканските животни се особено популарни како домашни миленичиња на богаташите. На второ место е Кениецот Дејсал Мохамед Али, што според Интерпол е најголем трговец со слонова коска во светот. При претрес на неговиот имот полицијата откри 314 парчиња слонова коска со вкупна тежина од 2 тони.
Интерпол и Програмата за заштита на животната средина на ОН во заеднички извештај претходно годинава наведуваат дека недозволената трговија и останатите прекршоци врз животната средина на сторителите им носат приход меѓу 70 и 213 милијарди долари годишно.За злосторства против животната средина се смета илегалната трговија со слонова коска, незаконско сечење дрва, лов и илегален риболов – пренесе

Пронајдете не на следниве мрежи: