Интервју со дизајнерката Ивана Цветковска: „Сакам да ја раздвижам модната сцена во Македонија!“

Млада и амбициозна, Ивана Цветковска е дипломиран моден дизајнер кој стои зад брендот “Evee by Ivana Cvetkovska”. Станува збор за млад дизајнер на возраст од 25 години кој за прв пат ќе учествува на Fashion Weekend Skopje АW 2013/2014 со самостојна ревија на која ќе бидат презентирани креациите од колекцијата “Summertime Sadness”.Досега има учествувано на неколку модни недели во Скопје во склоп на ревиите на студенти на „Факултетот за Арт и Дизајн“ при Европскиот Универзитет и како млад дизајнер има учествувано на модните ревии во организација на Американската Амбасада во Македонија.
1. Од каде Ивана ја доби желбата да се занимава со модата и да стане она што всушност денес е – модна дизајнерка?!
Желбата да се занимавам со мода ја добив во раното детство, конкретно игрите со барбики кои не секогаш носеа фустанчиња по мој вкус ме инспирираа да почнам да цртам фустанчиња кои потоа требаше да бидат сошиени и носени од барбиките. Мајками вели на сите парчиња облека преовладувал цветниот мотив.
2. Секој моден креатор има своја  карактеристика во работата која го прави различен од другите. Откријте ни, што е она по што е препознатлив вашиот стил на работа?
Мојот стил на работа е препознатлив по брановидните кроеви со кои се трансформира телото во заводлива женската силуета. Исто така, препознатлива карактеристика за моите дизајни е акцент на  деталите кои најчесто се извезени со монистра заради постигнување на совршено раскошен изглед на модното парче.   

3. Какви материјали најчесто користите во вашите креации и на кој начин ги комбинирате боите?
Преферирам користење на природни, нежни, меки, деликатни материјали како свила, кадифе во комбинација со нешто покрути како што е кожа, чоја и сл. Во секој дизајн се обидувам да воспоставам баланс помеѓу различни тектстури на материјали и помеѓу контрасни бои.
4. Од каде црпите инспирација за оваа работа и какви емоции сакате да побудите со истата во модната јавност и воопшто на пазарот?
Инспирацијата најчесто ја црпам од флоралната убавина, од грациозните облини и форми на природата. Инспирицијата може да ја добијам  и од најразлични секојдневни моменти, од филмови, од музички дела и сл.  
5. Каде Ивана се гледа во иднина, дали можеби планирате да се пробиете надвор од границите на Македонија?
Во иднина би сакала да ги видам своите дизајни на ревиите во светските модни метрополи, посебно во Париз како колепка на високата мода. Во меѓувреме планирам уште повеќе да се посветам на дизајнирање на “custom – fitted” модели и да придонесам за раздвижувње на модна сцена во Македонија.

6. Која домашна, а која ѕвезда од странската сцена би сакале да ја видите во вашата колекција?!
Од домашната сцена во мои креации би сакала да ја видам Каролина и Катарина Ивановска, а од странската сцена би ги издвоила Ријана, Бијонсе, Ева Мендез и Ева Лонгорија.
7. И за крај, еден моден совет од вас за нашите читатели: Што е она што секоја девојка мора да го има во својот гардеробер за оваа сезона (есен/зима)?
Според мене за оваа сезона секоја девојка би требало да има лелеава, провидна кошула , по можност од природна свила, во некоја нијанса на зелено/сина боја. Сметам дека не треба слепо да се следат трендовите кои ги наметнува светската модна сцена, напротив секој би требало да работи да изгради сопствен стил.
 Досега има учествувано на неколку модни недели во Скопје во склоп на ревиите на студенти на „Факултетот за Арт и

Пронајдете не на следниве мрежи: