Интервју со MB убавицата Маја Поцевска

За себе би рекла дека ги има сите потребни адути, кои се очигледни, за својот успех нејзиниот јак желудник, и „муда“, имуна на секој коментар, успешна во водителството, како и во организирањето, на големи проекти… Ви ја претставуваме сексипилната успешна водителка Маја Поцевска
1. Пред неколку месеци се најде во глаеријата на сајтот пулс24 како една од најубавите балкански и македонски убавци. Како и секоја фотографија, предизвика коментари позитивни и негативни…Како реагираш на нив?
„ Задоволство ми е што и моите фотографии се дел од галеријата и што имаат голем број лајкови и коментари па какви и да се. Кога си јавна личност и кога постојано нешто се збори и коментира за тебе стануваш имун и не реагираш на коментарите“.
2. Како реагираат твоите најблиски(партнерот) за негативните коментари?
– „Од нив имам максимална подршка, ја разбираат тежината на мојата професија и тоа е тоа дека неможеш на сите им се допаднеш некои луге од разноразни причини имаат потреба да те коментираат дали позитивно или негативно иако воопшто не те познаваат. На почетокот се прашував од каде поривот сега не се замарам ниту јас ниту моите блиски кои многу добро ме познаваат“. 
3. Викендов нашиот македонски пејач Јоце Панов го освои третто место на реномираниот интернационален фестивал Сунчане скале 2013, го освои 3тото место и освои бронзена сирена, вие бевте како претставник од македонските медиуми во делот на жирито, кажете ни повеќе околу тоа?! 
-„Ова е мое второ присуство на сунчане скале како дел од жирито. На овој фестивал има прекрасна атмосфера и убаво дружење помеѓу сите од организатори членови на жири автори изведувачи медиуми итд. Да си во жири е одговорност и треба да си коректен и објективен, лани како и сега најобјективно ги поделив своите  гласови. Минатата година неможеше да се гласа за својата земја додека сега ја имав таа можност и ја искористив но и секако песната на Јоце беше преубава како и изведбата што се потврди и со наградата бронзена сирена“. 
4. Покрај успешната работа со водителството, кое со себе зад вас носи доста проекти, а како последен ќе ја споменеме емисијата П.М Магазин, се покажавте и како амбициозна личност која се нафаќа и во организациските способности, годинава организирате за прв пат избор за мис лето охрид 2013 заедно со Дина моделс па кажете ни повеќе околу тоа?
– „Овој избор за првпат го организираме оваа година а тенденција ни е да прерасне во традиција, и би заземал интернационални размери со што би имало можност да се пренесува низ повеќе телевизии на балканов со што би се презентирала убавината на Охридското езеро и Охрид како туристистички град. Оваа година имам 13 учеснички коие ќе се борат за оваа титула која ке донесе парична награда и летување за двајца, секако богати награди и за двете придружнички. Девојките од 7ми до 14ти ќе имаат подготовки за финалната вечер која ке биде на 14ти во 21.00 на плажата Кадмо. Ќе бидат сместени во хотел Пела, а зад овој настан застанаа Новоматик со казината Астра и Адмирал, Државна Лотарија на Македонија, Нана Фешн, Санда, медумските покровители Бекстејџ Кана5 итн“… 
5. Твоите најдобри адути се…
-„ Што би ги коментирала очигледни се хахаха задоволна сум од себе имам адути во ракав ги вадам по потреба мислам на духовните вредности се разбира“ 
6. Твој личен гаф, на кој и ден денес се смееш…
-„ Е баш неможам да се сетам на некој посебно“
7. Мото за успешна жена и мајка…
– „Е тоа се веќе две сосема различни улоги, да си мајка е да си тука нема филозофија секоја мајка знае што значи тоа некого кого го сакаш буквално повеќе од себе треба да си нежна мајка полна со разбирање и секогаш на располагање кога е детето во прашање. А успешна жена на деловен план тоа е веќе нешто друго да имаш јак желудник и „муда“ ете тоа искрено него у културна варијанта, да не згазиш никого а и да не дозволиш да те згазат а сепак да стигнеш до зацртаната цел“.
Галеријата на Маја Поцевска погледнете ја на следиот линк
Слушнете ја песната на Јоце Панов на следниот линкЗа себе би рекла дека ги има сите потребни адути, кои се очигледни, за својот успех нејзиниот јак желудник, и

Пронајдете не на следниве мрежи: