Интервју со Мила Кадриу: модна дизајнерка која сонот на секоја невеста го претвора во реалност!

Нормално е дека секоја жена на својот најважен ден во животот – нејзината венчавка, сака да изгледа како девојка „излезена“од списание, со венчаница од нејзините соништа. А овие соништа кои ги има секоја жена можат да бидат реализирани токму од неа, од модната креаторка Мила Кадриу.Таа создава уникатни модели на венчаници кои дишат во ист ритам со личноста за која е создадена истата, венчаници од кои им застанува здивот на сите млади новопечени невести!
Пулс24: Како изгледаа вашите почетоци во модниот свет, всушност од каде идејата да креирате венчаници?
Мила Кадриу: Идејата за креирање постои уште од детсво но храброста за да го работам ова што сега го правам и тоа во Македонија ја добив додека живеев во САД.
Во 2007 година го основав бизнисот во Скопје, идејата беше продажба на готови венчаници од познати брендови и други пропратни детали потребни за важниот ден на секоја девојка.
Уште од почетокот се појавија барања од страна на невестите од типот на креирање на нивната венчаница, остварување на нивниот сон кој постои уште одамна.
Тој беше моментот на одлука, да се дизајнира венчаница по мерка!
Пулс24: Вашите венчаници се секогаш уникатни и единствени…Ќе им откриете ли на нашите читатели во што се крие тајната за нивниот софистициран изглед?
Мила Кадриу: Венчаниците кои ги креираме во MCoture пред се имаат своја приказна, без разлика од инспирацијата тие се современи, носливи, најголемиот дел од нив рачно изработени и софистицирани.
Во нашето ателје има доста голем избор на материјали, посебно на тантела кои се увезени од најреномираните бутици во Истанбул, а произведени во повеќе држави низ светот.
Исто така користиме и различни форми на свила, сатени и тулови, аксесоари од секаков тип кои понатака рачно ги веземе.
Уникатноста на нашите венчаници  е во тоа што секој модел е различен и е создаден според карактерот на личноста која ќе ја носи секако со многу труд и многу љубов!

Пулс24: Дали секогаш имате инспирација за создавање на нови модели, и од каде ја пронаоѓате истата?!
Мила Кадриу: Инспирацијата доаѓа моментално, дури и во дел од секунда од нешто што ќе ме допре во тој миг а не можам да го тргнам од глава, така ја создавам сликата од мојата следна колекција. Сето тоа се става на хартија и се работи подолго време и трпи доста промени за време на реализацијата.
Пулс24: Најчесто невестите можеме да ги видиме во бела боја на венчаница. Дали и современите невести се придржуваат кон тоа “правило“ или пак можеби имаат поинакви желби?!
Мила Кадриу: Традиционалната боја на венчаниците е белата боја, последниве години најбарани се нијансите на белата, најголемиот број невести сепак се одлучуваат за бела или бисерна венчаница.
Добар дел од невестите својата бела венчаница ја комбинираат со различни детали во боја во зависност од тоа како сакаат да изгледаат или каква е нивната приказна, некои од нив експериментираат со накит и чевли во друга боја. Доста барања имаме за венчаници во друга боја, тие парови се одлучуваат за друг тип на свадби што не се традиционални.
Пулс24: Кои се добри, а кои лоши страни во модниот свет?!
Мила Кадриу: Као и во секое поле така и во модата има добри и лоши страни, тие карактеристики се дел од развојот на модата и се менуваат од една во друга форма.
Модата за мене е вид на уметност, изразување на чувствата, реализирање на имагинацијата, создавање на форми кои ги измислуваш во одреден момент, комбинирање на бои и ткаенини од различен тип.
Ова е делот од работата кој го сакам највеќе, да се финалиризира мојата идејата и замисла за како да изгледа една креација  но сепак ова е првиот чекор, следува уште многу работа во понатамошниот процес како организирање ревии, односно презентација на нова колекција, маркетинг и секако продажба.
Да се биде дел од модниот свет не е најлесно, бара голем ангажман, енергија, ентузијазам, многу работа и жртвување повеќе пати.
Кога резулатите се видливи и кога се доближувате до целта трудот станува само дел од целокупниот процес на создавање креации, колекции и задоволни клиенти.

 

Пулс24: Лесно ли е со ова занимање да се успее и да се опстои на македонскиот пазар?!
Мила Кадриу: Нашата работа не е лесна ниту во најразвиените земји, разликата е во тоа што кај нас не постои модна индустрија во буквална смисла, не постојат стандарди ни слични на нивните кои што можат да се следат, сеуште сме на почеток на развојот.
Ме радува тоа што се работи, доста се работи но нашиот пазар е многу мал и нестабилен и далеку сме од популарноста.
Нас ни преостанува да го докажеме спротивното, без разлика на пречките идеме само напред!
Пулс24: Какви се вашите очекувања за овој осми по ред Моден Викенд, и на кој начин ќе се претставите?
Мила Кадриу: И на ова осмо издание на Модниот Викенд Скопје MCouture ќе се претставам со најновата колекција есен-зима, очекувањата се големи како и секој пат, се надевам дека е вистинскиот и единствениот за жал настан во Македонија од овој тип.
Очекувам да  донесе  освежување како во организирање, одзив и локации така и од нови учесници и колекции.
Нашата ревија е на 27 октомври, во Даут Пашиниот Амам, колекцијата е инспирирана од Индија, ќе има шаренило во однос на бои, накитени чипки и раскошна силуета со многу накит кој е донесен од самата земја.
До тогаш “fingers crossed”!
Пулс24: И за крај еден совет од вас за идните невести: На што треба најмногу да се обрне внимание при изборот на својот фустан од соништата?!
Мила Кадриу: Според мене, прво и основно е да се одреди стилот, тоа што најдобро ќе знае да го носи, следува кројот или формата која ќе и прилега најдобро на нејзината фигурата и секако тука се нијансите и деталите.
Најдобро е тоа што ќе и стои перфектно а после доаѓа тоа што е ин во моментот.
Таа создава уникатни модели на венчаници кои дишат во ист ритам со личноста за која е создадена истата, венчаници од кои им застанува здивот на сит

Пронајдете не на следниве мрежи: