Интервју со модната креаторка Антонија Ристовска

Во потрагата за сопствената удобност стана моден креатор. Нејзината прва авторска колекција ја претстави во 2002г., а жарот за создавање нови креации се уште трае. Оригиналните парчиња облека на модната дизајнерка Антонија Ристовска носат белег од нашето културно богатство. Една таква нејзина  колекција беше токму колекцијата Родена, од 2005 година која беше во етно – глам стил  со раскошни тоалети  на кои беа аплицирани елементи од македонската традиција. Понатаму во 2012 година ја одбележа 10 годишнината од нејзината прва ревија со колекцијата Нереиди, колекција  инспирирана од  тишината на подводниот свет и божиците нинфи.  Секако тука би ја споменале и нејзината последна ревија со колекцијата  Еквилибриум  п/л 2013  како  нејзина  најсофистицирана колекциј .
Пулс24: За почеток, би сакале да ни кажете нешто околу вашите почетоци. Од каде желбата Антонија да се занимава со мода, и како всушност стана она што е денес – модна дизајнерка?!
Антонија Ристовска: Ќе кажам дека и јас сум само еден од примерите колку  генетиката и талентот што го носите во себе    е пресуден за вашата животна професија. Првите афинитети  кон модното креирање се појавија на   мои 11-12 години кога ги правев моделите за моите кукли и нормално тоа се моите први рачни изработки кои биле уште тогаш многу прецизни,  а веќе  на 14 годишна возраст ги почнувам првите експерименти да изработувам облека, со секогаш  присутната идеја и  намера да се биде поразлична и се да биде на свое место до перфекција. Во потрагата за сопствената удобност станав моден креатор.  Тоа трае до ден денес со тоа што сега како сто би рекле Французите   моето “ Le violon D’Ingre” сега  е моја професија.
Понатаму секако е  постојаното надградување и усовршување во  дизајнот и  изработката, и теоретски  и практично и секако силната волја .   А секако креативноста и новите идеи се двигатели на целиот процес на создавање. Мојата прва авторска колекција ја претставив 2002г и  жарот за создавање нови креации се уште трае, и тоа навистина ме прави среќна. 

Пулс24: Судејќи по вашите досегашни креации, лесно е да се заклучи дека секогаш сте оригинални во она што го работите. Ќе ни откриете ли со  какви материјали, форми и елементи најчесто се служите, за се да изгледа онака како што треба?
Антонија Ристовска:  Во мојата досегашна работа создадов навистина многу оригинални парчиња  облека и тоа многу со белег од нашето културно богатство. Во недостиг  на платна создавам  платна кави што ми се замислени за колекција која ја работам. Така за  колекцијата Топ -20 подготвував специјално ткаени платна од  свила во бои , форми и димензии што ми беа потребни за колекцијата. Исто  моето Ателје Антонија е препознатливо и по многуте рачно плетени тантели  по сопствен дизајн, кои се уште ги работиме по нарачка.  Во една колекција на венчални фустани го вметнав и сребрениот  филигран  како главна носечка апликација. Навистина имаме неисцрпни инспиративни  елементи од нашата традиција.  Но секако користам и многу готови материјали  и француски  тантели  со висок квалитет. Најмногу ги користам  природната свила  и тоа во сите нејзини различни  структури, памучни материјали, волна, лен  како и материјали  со вештачко потекло во зависност од потребата. Патувам доста и наоѓам и одбирам секогаш квалитетни материјали.

 

Пулс24: Ќе можете ли да издвоите една ваша ревија која ја сметате за нешто најдобро од вас досега?!
Антонија Ристовска:  Сите колекции ми се на свој начин значајни,  во секоја колекција  се внесени многу емоции во текот на нивното создавање.  Кога веќе би требала да одвојам  би ја издвоила  колекцијата – Родена-  од 2005 која беше во етно –глам стил  со раскошни тоалети  на кои беа аплицирани елементи од македонската традиција, разработени на мој начин .Па би ја издвоила и Нереиди  2012 со која ја одбележав 10 годишнината од мојата прва ревија. Колекција  инспирирана од  тишината на подводниот свет и божиците нинфи.  А не би ја изоставила и последната  ревија со колекцијата  Еквилибриум  п/л 2013  како  моја  најсофистицирана колекција .
Пулс24: Како и поминува еден работен ден на Антонија Ристовска?!
Антонија Ристовска:  Денот ми почнува во 08.30   со утринско кафе и преглед на дневните обврски.
Денот ми  зависи  од обврските  но вообичаено прво одам во шивална за да  ги распоредам задачите на моите вработени,  ги  прецизирам  моделите што се изработуваат , дел од колекција дел од нарачки,  ги  прегледувам претходно направените  модели ,бидејќи додека не сум задоволна како е изработено не излегува ниедно парче од шивална  и од аспект  како легнува на телото  и од аспект на техничкта изведба, сепак чувството при носење  на одредена креација  треба да биде  единствено.  Како  што рекол – Ив Сен Лорен  „Отсекогаш сум верувал дека модата не постои само за да ги направи жените поубави, туку и за да ги успокои и да им даде самодоверба.“
 После 10ч.  веке следат  состаноци со клиенти во шоурумот,  подготовка на нови кроеви и  кроење нови парчиња со мојата асистентка Елена.  Работата е тимска и е поделена. Вообичаено проверка на електронската пошта, а сега се повеќе и  комуникации  преку фб социјалната мрежа.  Во текот на денот  завршувам и одредени административни работи и во принцип секој ден ми е со продолжено работно време за да ги стигнам сите планирани работи.
Пулс24: Дали можете да се замислите себеси во некоја друга професија?! Всушност дали постои професија во која можете да се видите, а тоа да не е поврзано со модата?!
Антонија Ристовска: Ова со што сега се занимавам е нешто што најдобро знам да го работам. Но кога би морала нешто друго мислам дека би била работа поврзана со уредување на простор   и работа поврзана со контакт со луѓе.  Една од моите желби  кога требаше да  се насочувам во моето образование беше да студирам архитектура.

 
Пулс24: Со оглед на тоа што сме само на неколку дена пред осмиот по ред Моден Викенд во Скопје, ќе им откриете ли на нашите читатели со што ќе се претставите таму и какви се вашите очекувања?
Антонија Ристовска:   На претстојниот Моден Викенд  ќе ја претставам мојата најнова колекција е/з 2013/14  насловена ИНСТИНКТ. Колекцијата  е инспирирана токму од парфемот на темата  INSTINCT. Инспирацијата е изразена преку есенција и спој на внатрешната и надворешната убавина на жената, преку формата и суштината на неговото височество – ПАРФЕМОТ. Колекцијата, како и парфемот, е инспирирана од сексипилната и силна жена, полна со самодоверба која ја искажува со својот изглед, говор, начинот на кој чекори.  Ќе биде претставена  преку   17 аутфити .
Модната недела веќе ја има својата традиција и ме радува факот што има добар фитбек кај модната публика. Очекувам посетеност на настанот и организациски да биде се во ред. Ова е нова локација во центарот на  метрополата  и секако едно ново искуство.
Пулс24: И за крај еден совет за нашите читателки од вас: Што е она што треба секоја девојка да го поседува во својот гардеробер за претстојната сезона есен/зима?!
Антонија Ристовска: Сведоци сме  дека  во последните неколку сезони се присутни многу различни миксови на парчиња облека. Креативноста треба да биде видлива секој ден.  Женственоста и елеганцијата  оваа сезона се  на сцена  и  секако дека долг и  краток фустан  е добро да се има во својот плакар. Корсетот  е прилагодливо парче облека за повеќе пригоди, со шал или сако, а здолниште со висок струк  во комбинација со кошула за секој ден. И секогаш убавината е во деталите, последниот допир што ја дава целосната самодоверба. Интересни часовници, брошеви, капчиња.Една таква нејзина  колекција беше токму колекцијата Родена, од 2005 година која беше во етно – глам стил  со раскошни тоалети&nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: