1. Веќе повеќе години стоите на позицијата генерален директор на Атлантик трејд Скопје. Станува збор за голема компанија која стои зад најсилните регионални брендови како што се: „Аргета“, „Кокта“ ; „Цедевита“„Гранд Кафа“„Смоки“ и многу други. Како успеавте да се пробиете на пазарот и да го одржувате успехот?
Најверојатно не постои единствена формула за ова. Брендовите на Атлантик Група имаат толку долга историја на ова подрачје така што лесно ги претворивме во модерни производи и сега ги позиционираме и дистрибуираме на повеќе пазари, исто како што многу производи од светот првпат се појавиле во овој регион низ нашите дистрибутивни канали. Па така, силните брендови и примената на најсовремените дистрибутивни стандарди и искуства од различни пазари ни овозможуваат ефикасно и флексибилно да постапуваме во сите ситуации кои ќе се постават пред нас и токму во тоа лежи предноста на „Атлантик трејд“. Покрај тоа, со комбинирање на сопственото портфолио и портфолиото на принципалите станавме појаки, можеме да направиме многу повеќе синергиски ефекти со нашите купувачи, а со помали трошоци. Во дистрибутерската работа од извонредно значење е приспособувањето и затоа е најважно да имате квалитетни луѓе, кои се стремат секој нов ден да направат нешто ново. Ние сме особено флексибилни, мобилни и достапни.
2. Атлантик Групата се одликува со силно развиена дистрибутивна мрежа. Кажете ни нешто повеќе за тоа…
Како дел од дистрибутивниот логистички систем на „Атлантик група“, „Атлантик трејд“ има цел македонскиот пазар максимално добро да го снабди со брендовите од портфолиото на „Атлантик група“, притоа овозможувајќи максимална дистрибутивна услуга – од пристапот до сите дистрибутивни канали, односот со различните купувачи, примена на дистрибутивната технологија, па сè до управувањето со брендовите, продажниот маркетинг и, се разбира, трговијата. Усогласените стандарди на изложување и унапредување на продажбата, односно размената на искуства ја дава предноста на дистрибуцијата на „Атлантик трејд“ која носи максимални резултати. Реорганизацијата ја направивме пред четири години со максимално технолошко унапредување на системот за следење на дистрибуцијата и раководење со залихите. Така што, тоа е уште еден сигнал за потенцијалните принципали дека со дистрибуцијата на „Атлантик трејд“ и овде во Македонија можат да имаат сигурен партнер и да го засилат своето работење, да го забрзаат порастот, но пред сè на своите купувачи и потрошувачи да им овозможат најквалитетна услуга.
3. Како се снаоѓате со конкуренцијата?
Конкуренцијата функционира како и во другите земји во регионот. Секој настојува да воведе нешто ново, поголема ефикасност со цел да не се случи некој производ да го нема на местото на продажба. Ние во Атлантик Група имаме воспоставено компактни тимови кои беспрекорно функционираат, знаејќи дека треба да го олесниме процесот на купување и да се наметнеме како прва куповна опција.
4. Долги години опстојувате на пазарот како силна и конкурентна компанија. На што се должи вашиот успех?
Нашата сила е во избалансираното портфолио на производи кои се многу атрактивни на пазарот. Постигнавме и извонредна рамнотежа на производството и дистрибуцијата и станавме рамноправно силен деловен субјект во сите земји од регионот. Нашата сила и „know how“ кои ги развивме во регионот, заедно со нашето постоечко искуство и присуство во земјите од ЕУ, ни овозможија во сите производни процеси да применуваме високи стандарди за контрола на квалитет и безбедност кои ја дефинираат стратегијата за работење во согласност со најновите и најмодерните трендови.
5. Какви се трендовите во трговијата кои се негуваат на македонскиот пазар?
Трендовите во трговијата се секогаш актуелни теми, бидејки секој пазар е предизвик за себе, иако повеќето земји во нашето опкружување делат слични проблеми на транзиција на општеството и економијата. Долготрајната криза го забави економскиот раст во регионот и земајќи ги в предвид овие околности, намалена е куповната моќ што условува со пад на продажбата во некои категории генерално, како и ценовна агресивност на конкуренцијата. И покрај овие економски состојби во регионот и пошироко, Атлантик Група во првиот квартал на 2015 година, оствари раст на продажбата од 3 отсто во споредба со истиот период минатата година, како и понатамошно подобрување на нето профитабилноста. Имаме систем за следење на макроекономските движења и трендови на пазарот и соодветно ја прилагодуваме стратегијата. И покрај сите предизвици, активни сме во проширување на пазарите кон Западна и Источна Европа, бидејќи од макроекономската перспектива нашиот регион наскоро нема да оствари значителен раст.
6. И за крај профилирајте ни го просечниот македоски потрошувач. Која категорија на производи ги преферира, дали дава приоритет на поевтините или се одлучува за поскапите и поквалитени производи?
Македонските потрошувачи ја очекуваат таа дополнителна вредност, односно, максимум за своите пари и воопшто не се разликуваат од останатите потрошувачи во регионот. Македонскиот потрошувач бара многу и не смееме да дозволиме да се почувствува измамен. Затоа постојано работиме на иновации. Ако зборуваме за цените при воведување на акцизните маркички, тој не смее да го почувствува тоа, туку до него мора да дојде информацијата дека од една страна, се работи за заштита на квалитетот, а од друга се заштитува и тој како потрошувач. Традиционалниот начин на пазарување во Македонија е исклучително силен и завзема голем дел од пазарот, а ние со сите наши деловни партнери градиме односи на взаемна поддршка и меѓусебна почит. Атлантик Група е многу прилагодлива во поглед на асортиманот на производи што го пласира на секој поединечен пазар, а тоа се однесува и на маркетинг стратегијата.1. Веќе повеќе години стоите на позицијата генерален директор на Атлантик трејд Скопје. Станува збор за голема компанија која стои зад најс