Интервју со Перо Антиќ: „Македонија е мала на мапата, но има големо срце!“

Кога Перо Антиќ стапна на паркетот на 30-ти октомври годинава, стана првиот Македонец којшто заиграл за тим во НБА лигата, се вели во статијата која му е посветена и објавена на порталот atlantamagazine.com.Тоа беше долгоочекуван настап за Антиќ и Македонците, страсни обожаватели на  кошарката, еден  голем човек од оваа мала балканска земја го направи овој чекор. Тој е висок 211 сантиметар и има 118 килограми, со избричена глава и бројни  тетоважи, Антиќ ја донесе својата моќна игра,  која повеќе се карактеризира со  добри финеси отколку со брутална сила.
Професионалната кариера Антиќ започна во Македонија кога имаше 17 години. Играше за тимови од Грција, Србија, Бугарија и Русија, а пред две  години како капитен на македонската  репрезентација го освои четвртото место на  Евробаскетот во Литванија.
Со него разговаравме преку телефон пред да стигне во Атланта, велат од интернет порталот каде што е објавено интервјуто.
Професионално играш повеќе една деценија.  Зошто сега се приклучуваш  во НБА?
-По два шампионати во Евролигата, сметав дека имам уште што да покажам.  Имам 31 година. Имав неколку понуди во Европа кои ми нудеа двапати повеќе  заработка отколку  во Атланта, но не сакав да дојде момент да речам дека сум можел да играм за НБА, но не сум го направил тоа поради една или друга причина. Не бегам од обврски. Работата е сега или никогаш.
Имаше ли претходно шанси да заиграш за НБА?
-Требаше да заминам и да играм за Орландо Меџик, но во Европа добив понуда која што не можев да ја одбијам.
Колку кошарката е популарна во Македонија?
-Многу, тоа е главниот спорт. Во 2011-та година освоивме четврто место на  Евробаскетот во Литванија, каде што играа ѕвезди од НБА.
А, ова е земја колку жители има?
-Има 2,1 милиони жители. Атланта е двојно поголема. Половина Атланта може да  дојде и да ни ја освои земјата!
Како реагираше Скопје на твоето потпишување за Хокс?
-Атланта само што потпиша договор со два милиони обожаватели. Луѓето ми  велеа: „Конечно имаме играч во НБА. Ќе имаме причина да остануваме будни  доцна навечер“. Натпреварите се во 3 или 4 часот наутро. Ми велеа дека ќе биде  моја вина, но дека ќе уживаат во бессоните  ноќи. Претседателот на Македонија ми се јави и ми рече дека сите се пресреќни.
На што мислиш дека најтешко ќе ти биде да се прилагодиш?
-Мислам дека нема да ми биде тешко, туку малку чудно. Во Европа каде и да сте  играле, сте освојувале некаков шампионат. А во НБА тоа не значи ништо. Мора да се борите за своето  место.
Се сеќаваш ли кој ти беше омилен НБА играч како мал?
-Исто како и на сите, Мајкл Џордан. Ми се допаѓаше и Кевин Гарнет.

Кој прв ти даде баскет?
-Татко ми беше професионален кошаркар во Југославија 14 години. Значи сигурно бил тој. Неговите медали ни беа како играчки. Дома имавме многу баскети. Во една година пораснав цели 12 сантиметри. Имав 14 години. Сакав да бидам поуспешен од постарите деца и тогаш ме зедоа во еден од националните младински тимови.
Што мислиш, уште колку добри години ти останаа во кариерата?
-Мислам дека имам уште четири или пет добри години. После тоа ќе имам обврски  со семејството и сакам да и помогнам на македонската кошарка повеќе да напредува.
Имаш многу тетоважи. Која ти беше прва? 
-Имам една на левата нога, која што сакав да биде ѕвезда со баскет, а околу неа да  има кинески симболи. Искрено, само половина од нив знам што значат.
Автомобилите ти се хоби?
-Да, речиси секоја година купувам по еден Форд мустанг ГТ. Обожавам такви коли.  Сигурно ќе купам нешто вп САД и ќе го однесам дома.
Кога беше дете, Македонија се уште беше дел од Југославија, нели? 
-Да, но сите зборувавме на наш јазик, иако моравме да знаеме и српски, затоа што тој беше универзален.
Која македонска храна најмногу ти недостасува?
-Би ве поканил да дојдете и да ја пробате храната, на сите ќе ви се допадне.  Мусака, сарма… Ќе морам да ви направам македонска скара само за вас.
-Што друго можеш да им кажеш на обожавателите во Атланта за Македонија?
-Македонија е многу топла земја. Ги сакаме сите коишто не посетуваат. Македонија  е мала на мапата, но има големо срце.
Извор: КурирТоа беше долгоочекуван настап за Антиќ и Македонците, страсни обожаватели на  кошарката, еден  голем човек о

Пронајдете не на следниве мрежи: