ИНТЕРВЈУ со Васил Пишев: Три прашања за идните пратеници од Струмица

Васил Пишев е роден 1965 година во Струмица, каде завршува средно образование, подоцна вонредно студира Менаџмент. Со сопругата Гордана се венчава во 1990 година. Во бракот има две деца. Бизнис кариерата ја започнува во 1984 година, најпрво со угостителство, а потоа дејноста ја проширува во трговијата и транспортот. Во 1997 година ја основа познатата компанија за производство на масло за јадење „АЛ-МАКС“, како прва Гринфилд инвестиција во Република Македонија. Васил Пишев е член на ВМРО-ДПМНЕ и активно учествува во работата во сите партиски тела и структури. Тој е пратеник во Собранието на Република Македонија од јуни 2011 година.Интервјуто направено за  Радио Струмица Нет ви го пренесуваме во целост.Радио СтрумицаНет: Зошто граѓаните да го дадат гласот за Вашата опција?
Васил Пишев: Зад ВМРО-ДПМНЕ стојат илијадници реализирани проекти. Имаме проектирано нови големи проекти кои драстично ќе го подобрат животот во Македонија. Нема сегмент каде што нема да има подобрување. Тука се мерките за субвенции за земјоделците, покачувањето на плати и пензии. Инфраструктурните и комуналните проекти и слично. Значи генерално граѓаните треба да го дадат својот глас заради проектите и мерките кои се во нивен интерес. За разлика од нас, имаме политички опонент кој ветува брда и долини, а во суштина таму кај што ја практицира власта нема направено ништо.
Радио СтрумицаНет: Кои се проектите за Струмица и струмичко за кои ќе се залагате во Собранието на Република Македонија?
Васил Пишев: Јас како постојан пратеник во Собранието секогаш сум ја користел приликата да се залагам за проектите кои биле наменети за Струмица. Секогаш кога се проектирал буџетот на Република Македонија сум се борел на матичните комисии за проекти кои биле во интерес на струмичани. Ќе се залагам да се реализираат ветените проекти кои се во новата програма. Како што се изградбата на затворениот базен, обновата на Домот на културата, изградбата на нови повеќенаменски спортски комплекси за младите како и за изградбата на новата модерна библиотека и итн.
Радио СтрумицаНет: Доколку би ја добиле власта, која е првата работа што ќе ја направите за Струмица?
Васил Пишев: Тоа што сме го ветиле ќе го направиме. За Струмица има многу први работи. Веднаш ќе ги урбанизираме сите населби кои гравитираат околу централното градско подрачје. Констатиравме очајна инфраструктура во градски населби. Немаат луѓето основни инфраструктурни потреби, канализации, асфалт, осветлување и слично. На правата седница на Советот на општина Струмица ќе се заземеме за решавање на овие проблеми со прецизен акционен план.
 
 Радио СтрумицаНет: Зошто граѓаните да го дадат гласот за Вашата опција?
Васил Пишев: Зад ВМРО-ДПМНЕ стојат илијадници реал

Пронајдете не на следниве мрежи: