Интервјуто на Шекеринска за „Глобус“

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера ја обвини Радмила Шекеринска дека во својот анкетен лист не го навела целиот имот кој што објективно го поседува и располага заедно со нејзиниот сопруг, алудирајќи на вкупна станбена површина и двор од 347 м2 во луксузниот дел на туристичката населба Маврово до самиот ски-центар со поглед на езерото, чија вкупнат вредност на овој имот (плацот и куќата), според ВМРО-ДПМНЕ е околу 154700 евра
 -Оваа викендица, за која самата вели дека ја користи за уживење, ја стекнала пред неколку години, а сепак до ден денес ја нема пријавено. Радмила Шекеринска за оваа викендица во Маврово вели: „Уживаме во неа бидејќи ја гледавме како расте и во секој детаљ внесовме емоции. Овде сме како дома и немаме чувство дека сме некаде појдени, изјавија вчера од ВМРО-ДПМНЕ. Шекеринска вера потврди дека тоа е семејна куќа, која и припаѓа на нејзината свекрвa.
Радмила Шекеринска и Божидар Јанковски избегнуваат да зборуваат за својот приватен живот, но ексклузивно за „Глобус“ ги отворија вратите во нивниот втор дом во Маврово.Растоварени од притисоците на политиката и бизнисот кои се нивно работно секојдневие во Скопје, зборуваа за нивниот живот во планината во кој потполно уживаат.Во нивната планинска дрвена викендичка го пронаоѓаат својот мир, се посветуваат еден на друг и го надоместуваат пропуштеното во текот на работната недела. Лежерниот муабет течеше покрај шумот на каминот и новогодишната елка, а на атмосферата која наликуваше на зимска идила посебна магија даваше звукот на огнот и кукавицата од часовникот.ВРЕМЕ ЗА СЕБЕ Маврово е нивен синоним за дочек на Нова година и Божиќ, па така ќе биде и годинава. Првата заедничка Нова година ја прославиле во изнајмена видендичка, а веќе пет години си имаат сопствена куќа која е целосно направена од дрво, па дури и секој нејзин детаљ што се наоѓа внатре. Дрвена куќа во планина е сон на Бобо од детство. Нејзината проекција произлегла од неговата имагинација, а во ентериерското уредување своја улога имала и Радмила. 

„ Уживаме во неа бидејќи ја гледавме како расте и во секој детаљ внесовме емоции. Овде сме како дома и немаме чувство дека сме некаде појдени. Во Скопје има многу луѓе околу нас, повеќе се трошиме на другите отколку на себе и затоа во Маврово уживаме сами. Пријателите и роднините доаѓаат за празниците, иако малкумина од нив вистински уживаат на начин како што ние тоа го правиме.Тие сакаат нешто да се случува, а нам ни е убаво гледајќи филмови, читајќи, разговарајќи. Речиси секој викенд сме овде и го надоместуваме она што му недостасува на модерниот живот, а тоа малку време за себе. Времето го поминуваме без некој посебен план туку како ќе не поведе расположението.“вели Шекеринска која на овој начин всушност ги избегнува претпразничната хистерија за купување, автомобилските гужви низ градот и редовите во продавнците. Ја нема нервозата „каде за Нова година„. Никој не се оптоварува со гардероба или фризура и единственото нешто што треба да го понесеш од дома е доброто расположение и доволно енергија за играње и пеење да се издржи ноќта. Бадник и Божиќ ги прославуваат на вообичаен начин, Радмила прави лепче со паричка, а Бобо ги подготвува специјалитетите. Тогаш викендицата е полна со гости бидејќи Божидар го слави именденот.
„Економската теорија тврди дека тајната на успехот на капитализмот лежи во специјализацијата – секој треба да го работи она во што компаративно е подобар. Го применуваме тоа правило и дома – секој е специјализиран за нешто, а во нашиот случај Бобо е по готвењето.Не можам да се пофалам со вештините во кујна. Морам да ги издвојам неговите одлично подготвени специјалитети бифтек, полнети пиперки, мусака, турли тава, боранија. Во последно време ги усовршува рецептите на Џејми Оливер. “ вели Радмила на која што пак Бобо се надополнува:„ Се зависи од моменталниот избор на храна или инспирацијата за експерименти. Не сакам да готвам сам, па Радмила има задача да асистира и да муабети. Кога сепак сум сам – тогаш обично мислам на многу работи. Во Скопје немам време, а овде готвам.“ 
Повеќе на Глобус
 -Оваа викендица, за која самата вели дека ја користи за уживење, ја стекнала пред неколку години, а сепак до ден денес

Пронајдете не на следниве мрежи: