Со зголемен интензитет продолжуваат активностите на локалната самоуправа и градоначалникот на Кривогаштани Тони Заткоски, за реализација на инфраструктурни проекти во општина Кривогаштани.Пред неколку дена започна изградбата на 4 нови улици со тротоари, парите за оваа инвестиција, во висина од 250.000 евра, се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој. Три улици ќе бидат во Кривогаштани, а една во населеното место Славеј. Изведувач на овие градежни зафати е скопската компанија „Карпош“.
„Населените места Славеј и Кривогаштани низ коишто води регионалниот пат кон Крушево, всушност се лице на општината и за многубројните туристи кои секојдневно тука минуваат. Со подобрување на квалитетот на инфраструктурата, на нови сообраќајници и тротоари, ќе ги привлечеме и туристите да ја посетат нашата општина и макар на кратко да се запознаат со она што е знаменитост на општина Кривогаштани. Овие инвестиции примарно го подобруваат животот на месното населени, обезбедувајќи безбеден и непречен сообраќај“, оценува градоначалникот Тони Заткоски.
Се потпиша договорот за уште една нова инвестиција во областа на инфраструктурата во Кривогаштани. Со кредит од Светска банка, во висина од 200.000 евра ќе се градат 3 нови улици во должина од 2.5 километра. Целта на локалната власт е да го подобри квалитетот на животот на граѓаните од населените места: Воѓани, Обршани, Бела Црква и Кривогаштани. Затоа ќе се изградат, асфалтирани улици по современи стандарди, од Воѓани до Бела Црква и од Обршани до Бела Црква, додека третата улица ќе се гради, во населеното место Кривогаштани. Изведувач на градежните активности е струмичката компанија „Жикол“.
„Со изградба на овие три улици ќе се олесни животот и секојдневието на месното население и на сите учесници во сообраќајот. Секако дека возењето по свежо асфалтирани улици е задоволство за возачите и заштита за возилата. Изградбата на овие сообраќајници е една од нашите цели. Но, секако дека напорите на локалната самоуправа и моите како градоначалник се во правец на асфалтирање и санирање на ударните дупки на сите сообраќајници во општината“, истакна градоначалникот Заткоски.
Во рамки на активностите за подобрување на сообраќајот на главните артерии во општината и особено за превенција од поплави, вредно е да се напомене, дека во моментов на потегот Кривогаштани-Подвис, во тек се активности на Македонија пат, за чистење на испустите и каналите крај патот.
Освен на инфраструктурата општината работи на подобрување на квалитетот на живот и во другите сфери. Во таа насока е потпишаниот договор со фирмата „МЗТ инженеринг“, која што ќе биде изведувач на градежните работи за реконструкција на покривот, на објектот во којшто се сместени општинскиот Клуб на пензионери и Домот за противпожарна заштита.
„Освен покривот, ќе се инвестира во поставување нови подови, санација на оштетените ѕидови, санитарните јазли и друго, а објектот ќе има и нова фасада, така што целосно ќе се подобрат условите за работа на службата за заштита од пожари, но и во Клубот на пензионери. Мојата заложба како градоначалник е особено овие граѓани во третото доба, да имаат свој простор за анимација, забава, каде што може да поминат неколку часови во денот, во релаксирана атмосфера. Новоуредениот објект, ќе им го овозможи тоа“, истакнува градоначалникот Заткоски.
Оваа инвестиција ќе се реализира со средства од општинскиот буџет во висина од околу 500.000 денари.
Центарот на населеното место Кривогаштани, исто така годинава ќе добие нов лик. Ќе се изгради нов кружен тек, непосредно до плоштадот, а тука ќе биде поставен и 30 метарски јарбол, што е инвестиција на Владата на Р.Македонија во Општина Кривогаштани. Ќе се асфалтира и ќе се уредува со тротоари и улицата што води кон населеното место Подвис, во прва фаза ќе биде асфалтирана до градинката „Весело штркче“. Новото партнерно уредување предвидува и хортикултурни елементи.
Освен тоа во Славеј наскоро ќе започнат градежните работи за изградба на канализационата мрежа, проект за којшто Општина Кривогаштани потпиша договор со прилепската градежна фирма „ИЗОФАС“. Во рамки на проектот вреден 310.000 евра, нова канализација ќе добие и населеното место Крушеани.
Сите овие проекти, кои според планот ќе се реализираат за кус временски период, ја консолидираат инфрактруктурно целата општина и што е најбитно придонесуваат од рурална да стане урбана средина, која што е атрактивна и за инвеститорите.Пред неколку дена започна изградбата на 4 нови улици со тротоари, парите за оваа инвестиција, во висина од 250.000 евра, се обезбедени од Агенцијат