Инвестиција 10 милиони денари: Започна реконструкција на регионалниот пат Корешница-Бистренци

Започна реконструкцијата на регионалниот пат Корешница – Бистренци, последниот регионален пат што остана нереконструиран во општина Демир Капија. Инвестицијата е 10 милиони денари и беше приоритетно барање на жителите од овој регион. Се поставува нов тампон, а за десетина дена ќе започне и асфатлирање на целиот пат.Инвестициите во овој регион надминуваат над 200 милиони евра, рече министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој заедно со градоначалникот на Демир Капија и директорите на ЈП за Државни патишта и Македонија пат извршија увид на отпочнување на градежните работи.
Денеска започнува реконструкција на овој пат и набрзо ќе биде завршен.
-Знаете дека активно се работи на автопатската делница Демир Капија – Смоквица, активно се работи и на автопатската делница Смоквица – Гевгелија. Почнавме со подготвителни работи за реконструкција и на делницата од Неготино до Демир Капија која е една од најоштетените и најфрекфентна. Така да активно се работи на изградба на овие капитални проекти, рече министерот за Транспорт и врски, Владо Мисајловски, кој изврши увид на градежните активности.

Со реконструкцијата на овој пат која беше една од барањата на жителите на овие населени места ќе обезбедиме побезбеден сообраќај, изјави директорот на ЈП за Државни патишта Александар Стојанов кој објасни дека со реконструкцијата на овој пат ќе се изврши проширување од 3 метри на 4 метри и ќе се постави комплетно нова патна сигнализација.
За општината Демир Капија овој проект значи заокружување на инвестициите на патната инфраструктура во општината.
-По завршување на овој регионален пат во општина Демир Капија ќе нема ниту еден локален ниту регионален пат на кој што ќе му биде потребна реконструкција, изјави Трајче Димитриев, градоначалник на општина Демир Капија.Реконструкцијата на овој регионален пат ќе се заврши оваа година.Инвестициите во овој регион надминуваат над 200 милиони евра, рече министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој заедно со градоначалникот

Пронајдете не на следниве мрежи: