Инвестиција од 14 милиони евра: Отворена фабриката за вода во Гари

Во близина на дебарското село Гари денеска е отворена фабриката за производство на флаширана вода за пиење „Maya“ на хрватската компанија Мали Лошињ. Почетната инвестиција изнесуваше 300.000 евра, а проценетите 7,7 милиони достигнаа 14 милиони евра за 3,5 години, колку што траеше процесот на реализација.Фабриката е лоцирана покрај регионалниот пат Бошков Мост – Извор, пет километри пред еколошки чистото село Гари, каде што се наоѓа концесијата.
Моментниот број од 25 вработени, според најавите на инвеститорот, треба да се зголеми за многу кратко време, а дневното производство на флаширана вода може да достигне и до 200.000 литри за осумчасовна смена.
– Денешниот свечен чин е финален производ од сите наши заложби и политики, а оваа инвестиција е од огромно значење не само за Гари и за Дебар, туку и за целиот Западен регион, во насока на рамномерен и одржлив економски развој, рече во обраќањето министерот за економија Дритон Кучи.
Според него, со оглед на фактот што инвестициите и извозот се клучните столбови на одржлив економски раст на Македонија, посебно е значајно што произведената вода во оваа фабрика е првенствено наменета за извоз, кој е веќе дефиниран, главно во соседните и арапските земји, Хрватска и Русија.
– Посебно е важно што се посвети огромно внимание на квалитетот и стандардите, па се доби висококвалитетна премиум вода, произведена по најмодерна технологија, што ја прави конкурентна за пробирливиот светски пазар, додаде Кучи.
Во име на компанијата Мали Лошињ пред присутните се обрати Кујтим Деари. – Инвестицијата што тука ја почнавме од темели пред околу три години, денеска, благодарение на двајцата инвеститори од Република Хрватска, Дашмир Абдија и Бранимир Којиќ, доби лик на една од најмодерните, најсовремените и технолошки најопремените фабрики во Македонија и во регионот, нагласи Деари.
Министерот за странски инвестиции Горан Мицковски го потенцираше значењето на водата како ресурс на иднината. – За нашава економија е посебно значајно што инвестициите континуирано растат, а тоа значи и отварање нови работни места со што се придонесува кон намалување на невработеноста и зголемување на животниот стандард, нагласи Мицковски.
Градоначалникот на Дебар Ружди Лата беше дециден дека ниту еден инвеститор имал, ниту ќе има административни проблеми во Дебар. – Сите се добредојдени и за сите стоиме на располагање, подвлече Лата.
Меѓу присутните што го поздравија отворањето на фабриката „Maya“ беа и амбасадорката на Република Хрватска Данијела Баришиќ, лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, како и повеќе министри и претставници на политичкиот и деловниот живот.Фабриката е лоцирана покрај регионалниот пат Бошков Мост – Извор, пет километри пред еколошки чистото село Гари, каде што се наоѓа концесијат

Пронајдете не на следниве мрежи: