Apple изјави дека новиот iOS8 е првиот мобилен оперативен систем кој ниту самиот Apple, а ни било која државна безбедносна служба не можат да го пробијат за цели во кои би добиле пристап до пораките, емаиловите, говорните снимки, слики и друго.Новата енкрипција оневозможува било какво располагање со податоците кои се на самиот телефон без дозвола од самиот корисник.
Со ова iOS8 е уникатен во светот на мобилните оперативни системи, бидејќи повеќето од нив оставаат намерни дозволи за производителот, операторот, а и државните служби да можат да влезат внатре во телефонот без дозвола и знаење на корисникот. Американските оператори на пример редовно тоа го прават со Андроид телефоните, под превезот на корисничка подршка.Дури и кога Apple би добил судски налог, едноставно технички е невозможно да ги извади податоците од iOS8.
„За разлика од нашите конкуренти, Apple не може да ја заобиколи вашата лозинка и да добие пристап до вашите податоци. Според тоа, за нас е технички невозможно да одговориме позитивно на барањата на државните органи за пробивање на телефони кои тие ги имаат во нивен посед, со цел да се извлечат податоците од телефоните“. Изјавата на Apple, велат од Yahoo, значи дека компанијата завзема поинаков став од конкурентите во областа на безбедноста на вашата приватност.“
Повеќе на: GSM.mkНовата енкрипција оневозможува било какво располагање со податоците кои се на самиот телефон без дозвола од самиот корисник.
Со ова iOS8 е