iPhone 8 е најпродаваниот паметен телефон на светот, опаѓа продажбата на Galaxy S9

Популарниот модел на Apple, iPhone 8, се искачи на самиот врв на најпродаваните паметни телефони на светот. Љубимецот на американскиот техно гигант ги оставил зад себе сите извонредни мобилни уреди на Samsung.
Според податоците на истражувањето “Counterpoint”, iPhone 8 е повеќе продаван од десеттата генерација на iPhone уредите. Во изминатите неколку месеци, моделот забележал зголемување на продажбата од 2,4 отсто, при што во голема мера придонело рекламирањето на уредот ширум Европа во склоп на прикажувањето на натпреварите на Светското првенство.


Три модели на Apple се најдоа помеѓу петте најпродавани телефони, судејќи според истражувањето на меѓународниот пазар. На второто место се најде Galaxy S9 Plus, а по него следуваат iPhone X на третото, Xiaomi Redmi 5A на четвртото и iPhone 8 Plus на петтото место.
Истражувањето забележало пад на продажбата на моделите на Samsung – Galaxy S9 и Galaxy Note 8. Од друга страна, големо изненадување претставува неверојатното зголемување на продажбата на телефоните од кинеските брендови како што се Huawei, Xiaomi и Oppo.
Иако iPhone 8 и Galaxy S9 и понатаму доминираат на пазарот, кинеските уреди започнаа да оставаат голем печат ширум светот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.