iPhone е мртов, само што ние тоа се’ уште не го знаеме?

Од петокот веќе започнаа предпорачките за новите iPhone 8 и iPhone 8 Plus уреди, но најголемо внимание и понатаму привлекува револуционерниот iPhone X.“Десетката” e секако иднината на Apple ако зборуваме за паметните телефони, понесувајќи смел дизајн и нови технологии, но некои аналитичари сметаат дека токму овој модел ќе и пресуди на комплетната линија на производи на компанијата од Купертино.
Аналитичарите на компанијата UBS Стив Милутиновиќ и Бенџамин Вилсон, тврдат дека препознале фактор којшто многу веројатно ќе ги убие iPhone телефоните, како и паметните телефони воопшто, а тоа е токму Face ID технологијата.
– Историјата укажува дека само неколку продавачи на хардвер успеале да се задржат на врвот после доволно силен удар одоздоле, пишуваат аналитичарите.
– Меѓутоа, сметаме дека Apple сепак може да стане лидер во развојот на амбиенталната интелигенција и на тој начин да и се спротивстави на конкуренцијата.
“Амбиенталната парадигма”, за којашто ни говорат Милутиновиќ и Вилсон претставува иднина во којашто компјутерските уреди претставуваат се што не опкружува околу нас и се користат единствено само биометриски технологии како што е Face ID како би се разликувале луѓето.
Во таквото опкружување лозинките и геџетите ќе станат одвишок, бидејќи самото опкружување ќе претставува интелигентен систем, односно компјутер со којшто ќе се поврзуваме преку слушалки, часовници или други слични носиви уреди.
– Apple има филозофија за автоканибализам и препознавање на личние технолошки трендови. Делува дека тие веќе ги поставиле темелите на следната ера кај своите преодни производи како што се Apple Watch и AirPods, но и сервисите коишто обезбедуваат повеќестрани платформи. Очекуваме уште нови категории на уреди, велат во заклучокот овие аналитичари.
 “Десетката” e секако иднината на Apple ако зборуваме за паметните телефони, понесувајќи смел дизајн и нови технологии, но некои аналити

Пронајдете не на следниве мрежи: