Иран објави дека во некои точки се согласил со IAEA

Висок ирански функционер изјави во средата дека Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) се согласиле околу „некои точки” на преговорите кои се одржаа во средата во Техеран, како и дека повторно  ќе се сретнат, објави иранската агенција FARS ненаведувајќи го датумот на новата средба. Од друга страна шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон изјави дека се надева на иранската флексибилност во преговорите во Казахстан.Коментарите на Али Ашгар Солтаниех, иранскиот амбасадор во Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) според аналитичарите на Reuters укажуваат дека двете страни повторно не успеале да го финализираат договорот кој би овозможил IAEA повторно да покрене истрага околу нуклеарните активности на Иран.„Освен отстранувањето на некои разлики и согласноста околу некои точки во текстот, двете страни одлучија на следниот состанок да ги преиспитаат и да разменат мислења за новите предлози кој се дадени на оваа средба”, рекол Солтаниех кого го цитира агенцијата FARS.Од IAEA настојуваат да ги премостат разликите со Иран кои ја попречуваат оваа агенција на Обединетите нации повторно да преземе истрага која беше прекината што се базираше на сомневањата дека Техеран развива нуклеарно оружје.„Имајќи го предвид бескомпромисниот став на Иран и неподготвеноста да постигне договор со IAEA, јас не очекувам дека ќе биде остварен напредок“, изјави пред состанокот во Техеран, еден од западните претставници на светската атомска агенција.Од друга страна, исто така, во средата високата претставничка на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон во седиштето на Обединетите нации во Њујорк изрази надеж дека Иран ќе покаже флексибилност во преговорите за неговата контроверзна нуклеарна програма на преговорите кои на 26-ти февруари треба да се одржат во казахстанската престолнина Алмати.Иран и групата големи сили ткн „5+1“, којашто ја сочинуваат петте постојани членки на Европската унија, САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција плус Германија во Алмати ќе се состанат на нов круг преговори по повеќемесечниот прекин и неуспешните средби во Истанбул, Багдад и Москва.Говорејќи пред Советот за безбедност на ОН за новиот круг преговори, Ештон истакна оти „се надева дека Иран ќе покаже флексибилност во преговорите и дека ќе биде овозможен голем напредок“,.„И натаму сакаме да напредуваме кон решавањето на иранската нуклеарна програма која се темели на двојниот пристап, кој комбинира санкции и преговори“, додаде шефицата на европската дипломатија според која нема сомневање дека притисокот на санкциите го поттикнал враќањето на Иран на преговорите, но важно е Техеран целосно да ги почитува меѓународните обврски.Официјален Лондон пред состанокот во Алмати спомена нова понуда од групата „5+1„, на што иранската влада одговори дека ќе ги разгледа новите предлози на големите сили и ќе одговори врз основа на понуденото.Западните земји се сомневаат дека Иран разработува нуклеарна програма чија цел е создавање атомско оружје, поради што ОН и западните земји наметнаа низа санкции за Иран. Техеран тоа го негира, тврдејќи дека станува збор за збогатување на ураниумот што ќе и’ овозможи на земјата да произведува електрична енергија и за медицински цели.
МакфаксВисок ирански функционер изјави во средата дека Иран и М

Пронајдете не на следниве мрежи: