85-годишниот Душан Трајковски, кој се водеше за исчезнат, починал пред единаесет дена на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, по сообраќајна несреќа која се случила на втори месецов, информираат од полицијата.Од Министерството за внатрешни работи велат тој бил хоспитализиран и бил во коматозна состојба веднаш по сообраќајката, но по пет дена им подлегнал на повредите.
Починатиот бил на велосипед кога во него удрило патничко моторно возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано 61-годишен скопјанец. Сообраќајката се случила на крстосница од булевар „8-ми Септември“ со улица „Момин Поток“. Од МВР додаваат дека телото е идентификувано дури денеска.Од Министерството за внатрешни работи велат тој бил хоспитализиран и бил во коматозна состојба веднаш по сообраќајката, но по пет дена им подлегнал