Најверојатна причина за исчезнувањето на малезискиот патнички авион Боинг 777-200 е снемување на гориво…Најверојатна причина за исчезнувањето на малезискиот патнички авион Боинг 777-200 е снемување на гориво, по што авионот паднал во Индискиот Океан, изјави денеска експерт од австралиската агенција за транспортна безбедност по анализата на сателитските податоци, објавени во извештај на малезиските власти, пренесува ИТАР-ТАСС.
Според податоците пристигнувањето на редовни звучни сигнали од авионот до сателит станале нередовни пред конечното целосно губење на врската со авионот. Експертите според тоа сметаат дека електронскиот систем на Боингот на неколку пати откажувал поради недостиг на гориво.
Освен тоа австралиските експерти наведуваат дека зоната на потрага на авионот во Индискиот Океан се вкрстува со единствената рута во регионот, што ги врзува австралиското пристаниште Перт со Кокосовите острови. Според експертите постои можност авионот да се движел на автопилот, а екипажт да бил во несвест.
На 8 март патничкиот авион Боинг 777-200 на малезиската авиокомпанија со 227 патници на летот од Куала Лумпур до Пекинг ненадејно исчезна од радарите. Досегашните обиди за негово пронаоѓање се безуспешни.Најверојатна причина за исчезнувањето на малезискиот патнички авион Боинг 777-200 е снемување на гориво, по што авионот паднал во Индискиот Океан,