Двегодишниот О.Н. од Прилеп рано изутрината е пронајден мртов во каналот со вода во прилепската населба Тризла.Според основниот јавен обвинител Лидија Салатоска Илиоска, вчера родителите пријавиле дека исчезнало двегодишно дете од прилепската населба Тризла.
– Вчера околу 15.30 часот родителите на двегодишниот Омер пријавиле дека исчезнало нивното дете. Потрагата по детето траеше до утринските часови. Неговото безживотно тело од членови на семејството е пронајдено изутрината, околу 6.30 часот во каналот со вода што се протега од Марковите кули кон населбата Тризла. Било удавено и со лицето кон водата во каналот, изјави Салатоска Илиоска.
Јавниот обвинител побара да се изврши обдукција за да се утврдат причините за смртта на двегодишното дете.Според основниот јавен обвинител Лидија Салатоска Илиоска, вчера родителите пријавиле дека исчезнало двегодишно дете од прилепската населба Тризла.