ИСЧЕЗНУВАЊЕ на Мртвото Море: Нивото на сол опаѓа за метар секоја година!

Мртвото море илјадници години привлекува посетители од целиот свет, кои доаѓаат да се искапат во неговите солени води и да уживаат во лековитите својства.Називот го има добиено поради високиот степен на соленост, бидејќи е десет пати посолено од океаните.
Меѓутоа, деновите за посета на ова лековито место би можеле да завршат, бидејќи експертите откриле дека нивото на Мртвото Море опаѓа по еден метар секоја година.
Падот на нивото на морето се толкува со тоа што од него истекува повеќе вода, отколку што се влева од реката Јордан.
Водостојот првобитно бил измерен во 1927 година и нивото на водата оттогаш значително опаднало.
Нивото на морето го следи Израелскиот Геолошки институт, кој користи мало истражувачко шише кое плута на средината на морето и ја мери неговата длабочина.
Маркерите кои ја мерат длабочината на Мртвото Море од брегот во местото Еин Геди во Израел, покажуваат дека нивото опаднало за неверојатни 40 метри од педесеттите години на минатиот век.
Можеби причината лежи во заситувањето на земјата или земањето на водата од реката од некои други причини.
Површината на морето и неговите брегови лежат на 429 метри под нивото на морето, што го прави да биде место со најниска надморска висина на копно, а со длабочина од 304 метри, тоа е и најдлабокото хиперсолено езеро на светот.
Слабото влевање на вода од реката Јордан, се толкува со потрошувачката на речните ресурси кои ги експлоатираат Израел, западниот брег, Либан, Сирија и Јордан.
Недостатокот на вода се манифестира низ појава на бездни, испукана кал и напуштени водени паркови.
Здравствени предности на Мртвото Море
Мртвото море е и центар за здравствени истражувања. Експертите нагласуваат дека тоа содржи лековити минерали, пониски нивоа на полен и останати алергени во воздухот, а има и поголем атмосферски притисок кој докажано им помага на луѓето со респираторни проблеми.
Исто така, научниците велат дека Мртвото Море е добро и за пациентите заболени од псоријаза, кои имаат корист од сончањето во областите под нивото на морето и намаленото УВ зрачење.
На луѓето кои страдаат од синуси, исто така им помага солената вода. Докажано е дека и терапијата со кал од Мртвото Море, им помага на пациентите со остеоартритис.Називот го има добиено поради високиот степен на соленост, бидејќи е десет пати посолено од океаните.
Меѓутоа, деновите за посета на ова ле

Пронајдете не на следниве мрежи: