ИСИС има атомска бомба и планира да го нападне Лондон!?

Припадниците на Исламската држава тврдат дека коструирале таканаречена валкана бомба, односно класична експлозивна направа со радиоактивна содржина чија цел е да контаминира голем простор и многу луѓе.Милитантите со своето наводно ново оружје се пофалиле на социјалните мрежи, а еден припадник на ИСИС наведува дека таквата пеколна направа може да предизвика вистински хаос во Лондон.
Иако не е можно да се потврди дали навистина џихадистите поседуваат валкана бомба или не, факт е дека во јули исчезнале 40 килограми ураниум од универзитетот во Мосул, град кој моментално е под контрола на ИСИС. Меѓу радикалите кои се пофалиле со новото оружје е и британскиот пиротехничар Хамајун Тарик, кој на џихадистите им се приклучил уште пред две години, а на „Твитер“ напишал:
– Ех, да, Исламската држава има валкана бомба. Најдовме некој радиоактивен материјал на универзитетот во Мосил, за што Мирир пишуваше. Сега ни претстои да сфатиме што се тоа валкани бомби, какви последици предизвикуваат и што би можело да се случи ако ја детонираме на јавно место.
Во следните објави Тарик пишува за деструкции во Лондон, но „Твитер“ потоа му го укинал профилот.Милитантите со своето наводно ново оружје се пофалиле на социјалните мрежи, а еден припадник на ИСИС наведува дека таквата пеколна направа може да

Пронајдете не на следниве мрежи: