ИСКАЗ НА ТАЕН СВЕДОК: „Знам кој го сруши малезискиот Боинг на летот MH17 над Украина. Видов сѐ!“

Руските истражители го ставиле сведокот на полиграфско тестирање и сега го кријат зашто стравуваат за безбедноста на неговиот живот.Руските истражители го потврдија исказот на тајниот сведок кој тврди дека видел како украински пилот се враќа без проектил на леталото и тоа истиот ден кога Боинг МН17 на „Малезија ерлајнс“ беше срушен над Украина, па притоа загинале сите 298 патници. Иако идентитетот на сведокот не е откриен, тамошните истражувачи тврдат дека сведокот го провериле на полиграф и не откриле никакви траги од лажење за време на неговото сведочење.
Според пишувањето на странските медиуми, тој изјави дека видел пилот во воен авион додека заминувал од базата на истокот на земјата и потоа се вратил без проектил истиот ден кога се случила несреќата. Тој додал дека пилотот изгледал исплашено.
ТУКА погледнете ја теоријата на заговор: Соборениот малезиски авион е истиот оној што исчезна во март!
Интервјуто со сведокот се одржа во вторникот, а гласноговорникот на истражниот одбор Владимир Маркин, изјавил:
„Фактите ни ги откри сведок кој не покажа никакви знаци на лажење. Затоа, истражителите сметаат дека неговите тврдења се вистинити“.
Сведокот изјави дека лично го видел авионот со кој управувал украинскиот воен пилот Волшин, чиј авион бил наоружан со 4-60 проектили. Тој додаде дека немало потреба за такво наоружување за време на регуларните мисии на украинските воздухопловни сили, бидејќи побунениците немале воени авиони.
Маркин изјавил дека тие ќе продолжат да работат на случајот и да собираат докази, а тајниот сведок најверојатно ќе биде сместен на тајна локација во Русија, бидејќи неговиот живот би можел да биде загрозен, пренесува Huffington Post.
Русите го повикале Волшин на разговор за да го оправда своето алиби на полиграф.
„Самиот факт дека украинските тајни служби го признале постоењето на Волшин, веќе претставува големо постигнување“, коментирал Маркин.
Руското министерство за одбрана јавно ги објави податоците кои покажуваат дека украински воен авион, кој бил во можност со проектили да го сруши авионот, се наоѓал во близина на МН17 за време на инцидентот.Руските истражители го потврдија исказот на тајниот сведок кој тврди дека видел како украински пилот се враќа без проектил на леталото и тоа истиот

Пронајдете не на следниве мрежи: