Искрена исповед на една наша танчерка

Девојките секогаш имаа одличен третман од страна на домаќините на хотелот или сместувањето во кој требаше да настапат по некој повод, со ретки исклучоци. Бевме ѕвезди кои мораа да го зачуваат својот идентитет. Доаѓавме, се спремавме, настапувавме, се пресоблекувавме и излегувавме скоро незабележително.
Така и требаше да биде, такви беа правилата. Често јадењата, кафињата или некои други нарачки ни беа носени во собатани беа носени во собата. Ги имавме сите погодности. И гордо ги користевме, се чуствуваме различно во овој свет, многу поразлично и на некој начин полуксузно од оној реален свет во кој живеевме. А имаше девојки кои навистина мизерно живееа.
Едвај се прехрануваа, па својата егзистенција ја имаа тука, притоа можеа да патуваат и да прошетаат надвор од градот или државата, да не останат гладни тој ден и за тоа да заработат дневница и бакшиш а сепак да биде на легален и безбеден начин. Јас не бев во таа категорија на девојки, ми значеше финансискиот дел, бидејќи на релативно лесен начин и за краток временски период земав една до две просечни плати, за една вечер, неколку минутно танцување.
Месечно моите приходи некогаш беа поголеми и од платите на некои директори и газди. Но, тоа не беа неопходни приходи без кои јас неможев, јас танцував заради тоа што сакав да танцувам, тоа беше мојата животна желба, тоа бев јас, тоа ме исполнуваше и ми даваше сила, финансиите само кај мене како дел од таа агенција беа во втор план. Многу често по протоколот на агенцијата играв гратис и само за бакшиш, и играв со истата енергија како кога играв за дневница.
Пропратните дружби со девојките со кои настапував беа неповторливи, сите бевме посебно луди и необични на свој начин. Тажните и среќните животни моменти често знаевме да ги споделиме и да си размениме и доделиме по некое мислење и совет. Ги оговаравме нарачателите и гостите по настапите, ги имитиравме, се воодушевувавме и се згрозувавме, се каравме и се смеевме…ех, времиња…За една година колку што настапував, настапив на повеќе од 150 настапи, секој еден подобар од претходниот.

Бевме сместени во најразлични хотели и настапувавме на најразлични места и церемонии, од најлоши биртии до хотели со 5 ѕвезди, луксузни домови, убаво уредени дворови. Многу често бакшижот во полошите ресторани и хотели од пониската класа на гости знаеше да биде поголем од оној кој го оставаа побогатите луѓе.
Танцувавме по најразлични телевизиски настани, за повеќе познати фаци, за родендените на некои политичари и странски гости дојдени од надвор. За различни пригоди одбиравме различна музика, за веќе расположено друштвоо почнувавме и завшувавме со брзи и динамични песни. За свадби и потивки пригоди почнувавме со лесни и поспори мелодии и завршувавме со поживи. Но, секогаш ја почитувавме желбата на клиентот, кој секогаш беше задоволен или презадоволен од професоналноста и услугата.
Нарачателите најчесто нарачуваа по една или две танчерки. Понекогаш, Директорот даваше по една или две гратис танчерка, односно таа играше без дневница. Тоа беше дел од политиката на агенцијата и маркетинг промоција. На девојките не им се допаѓаше тоа воопшто и секогаш се противеа и беа гневни. Освен кога ќе добиеја голема сума на бакшиш која десетпати го надминуваше износот на дневницата. Тогаш сите ги затвараа устите и беа задоволни. За таа година ја видов вистинската алчност на луѓето за пари. Чудно и запрепастувачки е што се луѓето можат да направат за пари.
Тука нема чест, достоинство и гордост, само износ кој се зголемува а со него се зголемува и апетитот за истиот. Девојките се караа за бакшижот, жестоко се навредуваа, едната и се бутнала на другата во нејзниот простор кога играла за некого, па овој и ставил на неа пари, а оваа првава му играла веќе неколку минути, втората и го земала трудот за неколку секунди.
Девојките си љубомореа една на друга за атрибутите кои ги поседуваа, некоја имала поголеми цицки па заради тоа секогаш земала поголем бакшиж. Никогаш не разбраа дека некои клиенти и гости сакаат послаби девојки, помали цицки, нкои сакаат покрупни, поголем задник, поголеми цицки. Се работеше за вкусови, а за вкусовите неможе да се дискутира, тие се индивидуални. 

Највеќе од се не нервираше чекањето пред некој настап, ова беше рабоота како и секоја друга и клиентите незнаеја да го ценат нашето време. Многу често настапите знаеја да се одложат од 15 до неколку саати подоцна од закажаното време.
Тоа ги вадеше од такт девојките, па и мене. Оправдувањата беа најразлични, немало доволно атмосвера, не биле дојдени сите гости, прасето требало да се донесе, кумот се начукал, целата организација претходно каснела па се пролонгира и нашиот настап…згора на тоа чекање ако се земеше и некој смешен бакшиж, девојките полудуваа, но постоеше и сума која можеше да го купи времето кое сме го поминале во чекање и тогаш тоа чекање се забораваше. Се нудеа огромни суми за разоткривање на нашиот идентитет, за симнување на фереџето, за настапи без посредување со агенцијата, за секс со танчерките. Такво нешто не постоеше и не се практикуваше во агенцијата.
Дури на некои клиенти кои беа сомнителни при телефонските закажувања им беше јасно давано до знаење дека нема допирање, секс, пушење и дека се игра на дистанца од гостите. Некои од нив беа запрепастени, некои никогаш повторно не се јавија, но повеќето го почитуваа наведеното. За нас, девојките кои работевме како танчерки, ова беше нормална работа како и секоја друга, малку поризична но и поисплатлива. Тука се ценеше трудот но и времето колку толку и парите навистина се заработуваа со пот.
А задоволството и чуството беа непроценливи за нас. Ретко кој можеше тоа да го разбере, ретко кој ја разбираше, прифаќаше и одобруваше оваа работа. Сепак ова е Македонија, држава полна со стереотипи и табу теми која се стреми да влезе во европска унија.

А не сме ни за месопотамија. Постоеја неколку категоризации на размислувања а следствено на тоа и однесувања. Во првата категоризација влегуваа глобално сите клиенти, кои се делеа на три групи. Во првата група влегуваат оние клиенти кои вештачки и скриено ги сакаат и ги очитуваат танчерките, но внатре во себе и меѓу најблсиките ги наекуваат курви.
Бакшиш оставаат од голем мерак дека пред него и само за него игра “курва” или пак за да се пкажат пред луѓето, бидејќи тоа е главна македонска одлика, да се покажеме кои сме и што сме, за другите позитивно да не оговараат. Втората група се луѓето со ширки погледи кон светот, потполно ја разбираат и почитуваат оваа работа и притоа им се восхитуваат на танчерките. Оваа професија ја сметаат за сосем нормална се додека не ги премине границите на нешто друго, повеќе од танцување. Овие луѓе сметаат дека овие девојќи ко поседуваат ваков талент треба и соодветно да го искористат.
Меракот е голем а со тоа и бакшижот. И во третата група влегуваат оние кои воопшто не ги сакаат и не ги прифаќаат танчерките. Овие ни беа најинтересни на мене и на девојките, повеќето од нив беа жени. Те гледаа со презир и неодобрување и притоа проследено со оговарање и дошепнување на најблиската лева или десна соговорна страна или пак воопшто не те погледнуваа бидејќи за нив тоа беше страшен и грозен чин.
За бакшиж да не зборуваме, но затоа имаше голема доза на сеир. Особено кога на масата ќе седеа неколку пара, мажите дамла начукани а жените со тортите на глава намрштени седат до нив. Маж како маж а особено пијан, секогаш повикуваше да му се танцува.
Жените не го менуваат намрштениот поглед, напротив се повеќе го заоструваат, им ги земаат новчаниците или парите на мажите а има и такви кои се осмелуваат прд толпа маса да се заканат со развод ако им се остават пари на танчерките. Ех, жени, глупави жени.
Кога веќе ќе станевме свесни за смешната ситуација, често знаевме да и заиграме и да и укажеме чест на лутата сопруга. Таа најчесто се засрамуваше и вештачки ќе шлапнеше со рацете или ќе заиграше. Но почести беа оние кои те бркаа со голема веројатност да стане и да те натепа.
После ова шоу се враќавме кај нивните мажи кои беа воодушевени од потегот, ги удостојувавме со уште неколку минутно играње и секако заминувавме со бакшиж. Нивните сопруги беа доволно изнервирани, но ова им беше капак. Нашите лица под фереџињата беа толку оклештени што на моменти смеењето можеше да се чуе и покрај музиката која одеше во позадина. 
Во втората категорија влегуваат мажите и жените како гости. Иако по пол се разликуваат, по нивното однесување кога ние играме за нив, не се разликуваат нималку. Па така има мажи и жени кои се восхитуваат на оваа уметност, не го тргаат погледот од колковите, стомакот и градите, се вклопуваат со ситуацијата играат со нас или само не гледаат и оставаат голем бакшиж. Бакшиж оставаат или за да се покажат пред луѓето или само од задоволство, оние кои оставаат пари од задоволство оставаат и најголеми суми. Поретко се случува и жените да оставаат бакшиж, им спуштам капа на таквите. Имаше и такви жени кои оставаа илјадарка по илјадарка. Дали за сопствен кеиф или за да го задоволат мажот со тоа што ќе покажат малку слобода незнам, но сепак не го правеа тоа вештачки, барем ние неможевме да приметиме.
Втората група беа мажте и жените кои не не одобруваа но сакаа да се вклопат во толпата на многу глупав начин, со тоа што ставаа чаршафи и марами на главата и не имитираа, играа глупаво и смешно како би не исмеале и не оставаа бакшиж. Третата категоија е резервирана за нарачателите кои можат да се поделат на неколку групи. Имаше такви кои беа директни чесници во настанот како на пример невестата која порачала танчерка за да го изненади сопругот. Младоженецот кој сакал танчерки за свој мерак или за да се покаже пред гостите, и таквите ретко оставаа бакшиж.
Потоа по некој кум на момачка вечер, со добра намера да го изненади идниот младоженец. Најчесто оваа ситуација завршуваше со прашање кај човекот што не носеше на настапите дали танчерката нуди и други услуги. Некои икс непознати гости кои многу често се ценкаа за цената која ја плаќаа за танчерката, бидејќи најчесто порачуваа по една, односно за разликата од неколку денари помеѓу 50те евра и 3100 денари, колку што чинеше 25минутниот настап на една танчерка. Ретко имаше такви кои не се загрижуваа многу за цената и беа дарежливи во секој поглед. Но, најголемиот број беа оние кои сепак ја подценуваа нашата работа и труд и се ценкаа за цената и времето. Неколку пати таквите безосетни нарачатели добиваа многу соодветен одговор од нашиот директор “ако имаш жена, ќерка или сестра облечи ги во костим и цела вечер нека ти играат без пари и нека ти прават мерак на курот!”
Ниедна од девојките не беа најдени на улица и не беа дојдени тука за да се курваат, само да заработат на својот талент, да заборават на тоа што се и да побегнат од реалноста која не гушеше секојдневно. Половината од нив на овој начин водеа двоен живот.
Беа образовани, имаа постојана работа, но никој не знаеше за нивната втора работа, која им овозможуваше одлична дневница. Преку ден беа посветени на својата работа, каква таква, а што вечерта наближуваше стануваа најпосакуваните заводнички кои дигаа многу машки полови органи, изнудуваа бакшижи и некои од нив си заминуваа со понуди за брак. 

Последната категорија е категоријата на нарачатели и гости од различна верска припадност. Христијаните односно Македонците, чии групи, размислувања и однесувања веќе ги напоменав и Муслиманите односно Албанците и Турците на кои им оддавам посебна почит кога е во прашање оваа професија.
Тие никогаш не се ценкаа за дневницата, секогаш нарачуваа повеќе од една танчерка и при самото доближување на нивната маса се фаќаа за нивниот џеб и оставаа бакшиж. Имаше и такви на кои културата не им дозволуваше самите да стават па со поглед им даваа знак на жените да стават тие. Никогаш не се случи некој муслиман да стави бакшиж во појасот на колкот или меѓу градите. Многу од нив ни даваа пари на рака, но бидејќи тоа беше надвор од правилата на агенцијата, збунето ќе бараа каде да ги стават парите за на крајот да завршат под прерамката од елечето. Бев воодушевена од почитта која ни ја покажуваа, дали беше вештачка или не, тоа беше стандардно однесување присекој настап кај настани кај гости од Муслиманскиот свет.Воопшто не е лесно да си танчерка, особено не овде кај нас, па и на балканот. Тежината е уште поголема ако психички си немаш расчистено самата со себе и дозволуваш секакви зборови да допрат до твоите уши и срце. За 99 проценти од оние што го гледаат твојот настап си курва. Ако дозволиш да те понесе барем по една изговорена лоша реченица од секој втор гостин, ќе се скршиш. Ќе се запрашаш дал навистина си курва. Никогаш ама баш никогаш не озволив ништо такво да допре до мене. Знаев која сум и колку вредам, знаев зошто го работам ова, а богами знаев и колку заработувам. А и онака луѓето на невидено ќе те направат се што не си, затоа воопшто не ми беше грижа што некој ќе каже зад мене или пред мене. Јас доживеав нешто што ретко кој тука го доживеал, а притоа сум силна жена, или маж, сигурно поголем од некои кои само по полот се мажи за да ја споделам оваа приказна со светот.
Псевдоним: SHADOWБевме ѕвезди кои мораа да го зачуваат својот идентитет. Доаѓавме, се спремавме, настапувавме, се пресоблекувавме и излегувавме скоро незабележителн

Пронајдете не на следниве мрежи: