ИСКУСНИТЕ КАЖАА: Нема да се здебелите ако ги откажете цигарите!

Лошата вест е што навистина качувањето на килограмите по откажувањето на цигарите е многу честа појава. Се смета дека четири од пет поранешни пушачи ја покачиле својата тежина со 2-5 килограми по оттргнувањето од оваа штетна навика. Добрата вест е што здебелувањето не е неизбежно.Лошата вест е што навистина качувањето на килограмите по откажувањето на цигарите е многу честа појава. Се смета дека четири од пет поранешни пушачи ја покачиле својата тежина со 2-5 килограми по оттргнувањето од оваа штетна навика. Добрата вест е што здебелувањето не е неизбежно.
 
За полесно да ги откажете цигарите без да се здебелите, мислете позитивно и следете ги следниве совети:
Не ги откажувајте цигарите за време на празници. Луѓето многу повеќе јадат за време на празниците (Нова Година, Божиќ, Велигден), а освен тоа и повеќе се дружат, па ако сте опкружени со пушачи, потешко ќе ја изгаснете желбата за цигара.
Направете си план. Планот кој треба да го направите пред да ги откажете цигарите треба да содржи: список на активности кои ве тераат да пушите, список на активности со кои ќе си го пополните времето во кое обично пушевте, список со здрава храна која ќе ја консумирате, список со физички активности што ги обожавате итн.

Забранете си ги строгите диети. Ако се обидувате да ослабите во истото време кога ги откажувате цигарите, вие ќе треба да се справувате со два предизвика истовремено, а тоа го зголемува ризикот од неуспех. Поставете си приоритет да ги откажете цигарите, а потоа ќе се грижите за вашата линија.
Изберете здрава ужина. Кога ќе ве нападне глад во периодот меѓу оброците, изберете нискокалорична и здрава ужина како свежо овошје, пуканки без путер или чаша јогурт со низок процент на масти.
Дајте им „занимација“ на рацете и устата. Потребата да имате нешто во рацете или во устата не мора да ја задоволувате само со јадење. Можете да си набавите гуми за џвакање, бонбони или лижавчиња без шеќер.
Секојдневно потсетувајте се колку ви е подобро што сте ги откажале цигарите. Наведувајте си причини како „Многу подобро дишам“, „Имам повеќе кондиција“, „Си го подобрувам здравјето“, „Ноктите ми стануваат побели“ и сл.
 
 
 
 Лошата вест е што навистина качувањето на килограмите по откажувањето на цигарите е многу честа појава. Се смета дека четири од пет поранешни пушач

Пронајдете не на следниве мрежи: