Исламистите киднапирале 20 медицински лица во Сирт

Екстремистите од Исламска држава киднапираа околу 20 медицински работници, за време на нападот врз бопницата Ибн Син во Сирт, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на болнички извори.Над 30 вооружени припадници на ИС вчера ја нападнаа болницата, додека автобусот чекал да ги превезе работниците, кои не се Либијци, во Триполи.
– Поголемиот број киднапирани се Филипници, а има и од Украина, од Индија и од Србија, истакна неименуван болнички извор.
Тој оцени дека ИД не сака медицинските работници да го напуштат градот, поради нивните ранети борци. Болничкиот персонал се обидел да замине од Сирт поради безбедносната ситуација и контролата што ИД ја има над градот.
Во меѓувреме, филипинската Влада соопшти дека четири медицински сестри од Филипни, за кои претходно беше соопштено дека се киднапирани, се одведени на безбедно место од нивен пријател.
Сирт се наоѓа меѓу Триполи и Бенгази и беше главно упориште на силите лојални на Моамер ел Гадафи. ИД кон крајот на минатата година презеде контрола над Сирт.Над 30 вооружени припадници на ИС вчера ја нападнаа болницата, додека автобусот чекал да ги превезе работниците, кои не се Либијци, во Триполи.

Пронајдете не на следниве мрежи: