Исламската држава ја потврди смртта на „Џихадистот Џон“!

Терористичката група Исламска држава, ја потврди смртта на Британецот Мохамед Емвази, познат по името Џихади Џон. Имено, тој бил убиен во ноември 2015 година при воздушен напад во сирискиот град Рака, пренесе Франс прес.ИД објави текст- „ин мемориам“ за џихадистот Емвази, во своето интернет, пропагандно списание „Дабик“ во кој се објаснува дека Емвази бил убиен на 12 ноември, кога автомобилот во кој се наоѓал, бил директно погоден од ракета лансирана од беспилотно летало.
Американската војска уште од ноември 2015 година тврдеше дека е „многу веројатно“ дека „Џихадистот Џон“ е убиен во нападот со дрон, во реонот на сирискиот град Рака, кој претставува сило упориште на џихадистите.
Емвази беше познат по зачестените егзекуции кои ги извршуваше пред објективот на камерата.
Тој е роден во Кувајт, но како шестгодишно дете дошол со родителите во Лондон, каде е израснат и образуван.Како дипломиран компјутерски програмер, во 2013 година, пребегнал во редовите на ИД.
Неговиот вистински идентитет беше откриен од разузнавачите според бојата на очите од снимките на кои се појавуваше.ИД објави текст- „ин мемориам“ за џихадистот Емвази, во своето интернет, пропагандно списание „Дабик“ во кој се објаснува д

Пронајдете не на следниве мрежи: