Исландскиот коментатор се надмина себе си на вчерашниот фудбалски натпревар.Овој 41- годишен коментатор, кој минатата недела останал без својата друга работа како помошен тренер во еден мал клуб, како во транс го пренесуваше синоќешниот меч со Англичаните.
Дека ќе остане без глас можеше да се насети уште во првото полувреме, кога го славеше голот за пресврт на Сигортсон, а потоа.. Потоа во финишот потполно се надмина.
„Готово е! Готово е! Нема да си одиме ние дома, никогаш! Дали го видовте ова? Ма, дали го видовте? Немојте да ме будите од овој сон! Исланд ќе игра против Франција во недела! Франција- Исланд! А вие (Англичани), одете дома! Можете дома! Можете надвор од Европа! Можете каде е*ено сакате! Англија еден, Исланд два. Тоа е конечниот резултат овде во Ница. А бајката продолжува!“Овој 41- годишен коментатор, кој минатата недела останал без својата друга работа како помошен тренер во еден мал клуб, како во т