Исповед на 15 годишно девојче кое било силувано од Гадафи

Иако од владеењето на Гадафи поминаа речиси две години, на виделина постојано излегуваат нови детали од начинот на неговото владеење.Починатиот либиски лидер наводно наредувал грабнување на млади ученички, кои биле заробувани во подрумските простории на неговиот дворец и станувале сексуални робинки.
Како што пишува Аник Којеан, во својата книга за харемот на Гадафи, девојките што биле во негова близина биле бирани за да ја задоволат неговата сексуална глад. Тие не биле таму за да го заштитуваат, не знаеле да ракуваат со оружје, биле обучувани за други техники – техники за заведување, наведува авторот. Ученичката Сораја била грабната кога имала 15 години. Поради својата убавини била избрана на полковникот да му предаде букет цвеќе кога тој дошол во посета на нејзиното училиште. После тоа
Гадафи ставил рака врз нејзината глава, што било знак за неговите верни соработници дека таа е одбрана, односно дека мораат да му ја донесат во Харемот. Тој ден, се сеќава Сораја, бил крај за нејзиниот живот. Цели 7 години ја држеле како робинка во дворецот недалеку од главниот град Триполи. Таа тврди дека секојдневно била силувана, како и многубројните девојчиња и момчиња кои со неа ги делеле подрумските простории и таа тажна судбина.
Во 2004 година Сораја била лично однесена кај Гадафи. Тој лежел гол в кревет. Како што сведочи девојката, тој и велел: „Не плаши се. Јас сум ти татко. Јас сум твој брат и твој љубовник. Јас тоа ќе ти бидам засекогаш бидејќи ќе останеш со мене засекогаш“.

 
Сораја се обидела да се оттргне – „не грижи се, отпосле ќе ти се допадне“, и рекол Гадафи низ смеа. Шефот на харемот ја одвел на обука, тука морала да гледа и да учи од порно филмови, а на некои од нив бил прикажан и Гадафи како има однос со малолетнички.
Сите девојки од харемот минале слична обука, се потсетува девојката која како што вели Којеан, е многу убава и покрај се што минала, личи на Анџелина Џоли, денес пуши по 60 цигари на ден и тешко се интегрира во општеството.
 „Не подготвуваа за насилен секс и понижување, а често бевме дрогирани или под дејство на алкохол“, вели Сораја.
Голем број на ослободени жени од харемот, по падот на режимот сепак молчат. Многу сакаат да го заборават тоа што им се случувало. Сораја во 2009 година успеала да се врати дома. Вели дека не се срами од семејството бидејќи на тоа што го правела била принудена.
Дел од ослободените пак пред падот на Гадафи биле испраќани ан Запад да работат како проститутки или биле венчани со некои пријатели на Гадафи за да молчат и да бидат под надзор.
По граѓанската војна во Либија, Гадафи беше убиен на 20 октомври 2011 година додека бегаше од земјата.
Извор: РепубликаПочинатиот либиски лидер наводно наредувал грабнување на млади ученички, кои биле заробувани во подрумските простории

Пронајдете не на следниве мрежи: