Исповед на докторот на Тито: Јас му ги исклучив апаратите, а пред смртта пееше на руски и сонуваше Кинези!

Докторот на Тито, Предраг Лалевиќ, на годишнината од смртта на маршалот ги откри последните детали од животот на доживотниот претседател на СФРЈ. Тој ги опиша моментите кога морал да ги изгасне апаратите на најмоќниот човек во државата, како и тоа дека Тито бил во бунило, пеел на руски и сонувал Кинези.Предраг Лалевиќ (87), отворено раскажуваше за здравствениот живот на Тито.
Освен труењето со храна во Египет во 1964 година и воспалението на белите дробови година дена подоцна во Бугарија, здравјето на Тито беше добро. Фактот дека Тито боледувал од шеќерна болест беше тајна која што вешто беше сокриена од јавноста.
Сепак, здравствените потешкотии кои што му се појавиле на Тито во 1979 година, не го спречиле да ги посети Кувајт, Ирак, Сирија, Јордан, СССР, Алжир, Либија, Малта, Куба и Романија.
-Најмногу страдаше од ревматски болки во нозете, поради кои беше приморан да се потпира на стап додека одеше. На дочекот во 1980 година во Караѓорѓево, беше јасно дека движењето му претставува огромна болка, па затоа одлучивме да го сместиме во љубљанскиот Клинички центар, раскажува доктор Лалевиќ.

 
Пред смртта пеел на руски и сонувал Кинези…
-Во претпладневните часови започна хемодијализата. Меѓутоа, по извесно време, дојде до пад на крвниот притисок. Сите членови на конзилиумот, дежурните лекари, но и најдобрите и најстручните медицински сестри кои што го негуваа претседателот, се собраа околу креветот. Тито полека се гасеше, раскажува Лалевиќ.
Како што додаде, иако респираторот нормално работел, на ЕКГ-то се забележуваа промени што укажуваа на приближувањето на крајот.
-Конечно, во 15.05 часот, ЕКГ-то покажа рамна линија. Цели 15 минути поминавме во целосна тишина, а тогаш го погледнав професорот Богдан Брецељ, покажувајќи му ги апаратите кои и понатаму со звучни сигнали покажуваа дека се уште работат, на што тој ми кимна со главата. Тоа беше сигнал да ги исклучам. Ги исклучив респираторот, ЕКГ мониторот, пејсмејкерот и електричната пумпа за вбризгување на лекови во вена. Потоа тивко ја напуштивме собата, тажно се сеќава овој 87-годишен специјалист на кој му беа потребни повеќе од шест месеци да се опорави од смртта на Тито.
Тито почина во клиничкиот центар во Љубљана, во недела, на 4 мај 1980 година. На неговиот погреб во Белград на 8 мај 1980 година, присуствуваа повеќе од 200 високи функционери од 127 земји.
Тој беше погребан во Куќата на цвеќињата во Белград. Ова е прва година кога неговата сопруга, Јованка Броз, нема прва да го положи цвеќето на неговиот гроб, бидејќи почина на 20 октомври.
Иако за неговото име се врзуваат доста контроверзи, тој беше еден од истакнатите лидери кои што одбележаа една важна епоха. Неговото име се поврзува со комунистичкото и партизанското движење, за настани од Втората светска војна кои што имаа пресудно влијание врз судбината на поранешните заеднички држави, како и за основањето на Движењето на неврзаните.
Предраг Лалевиќ (87), отворено раскажуваше за здравствениот живот на Тито.
Освен труењето со храна во Египет во 1964 година и воспалението

Пронајдете не на следниве мрежи: