ИСПОВЕД НА ЕДЕН МАЖ И ТАТКО: Криев дека сум бисексуалец, се додека ќерка ми не ме виде со друг маж…

Овој човек цел живот успешно ја криел другата страна од својата сексуалност, се додека еден момент…Извесниот Алан, неколку години водел двоен живот – тој е во среќен брак со својата сакана сопруга со која има две ќерки, но отсекогаш имал дилема во однос на својата сексуалност. Имено, го привлекувале и мажи, но поради среќата на своето семејство и почитта кон сопругата, не се осудил да проба да оствари врска со личност од ист пол.
Меѓутоа, пред неколку години, преку работа се запознал со еден помлад маж кој му понудил неофицијална врска со гаранција дека никој нема да ги открие. Така и било, Алан конечено бил исполнет човек.
Меѓутоа, во непредвидени околности, постарата ќерка го разоткрила, а тој тоа и го раскажал на психологот и советничка на британскиот Индепендент Вирџинија.
– Среќно сум оженет и ја сакам својата жена, но сум бисексуалец и веќе неколку години кога ќе отидам во друг град, се гледам со еден маж кој е геј. Поминуваме некое време заедно и на мене и на него му одговара таков „распоред“. И се беше во ред, додека во Бристол на улица со тој маж не ме виде ќерка ми. Таа студира и на некој курс беше токму во овој град,а јас тоа не го знаев. Кога не виде, беше шокирана и потресена. Никогаш не ми било потешко. Помина некое време од таа „сцена“, а таа тоа воопшто не го спомна – напиша Алан во своето искрено писмо.

Вирџинија, која има огромно искуство и како брачен терапевт, му даде необичен одговор.
– Дали сте сигурни дека вашата афера е откриена само поради тоа што сте се шетале со еден маж по улица/. Можеби работите не се онакви како што ви изгледаат на прв поглед и можеби вашата тајна не е откриена. Не бидејќи не било очигледно, туку затоа што вашето дете сигурно не сака да верува во тоа – вели Вирџинија и додава:
– Меѓутоа не е здраво да се живее со товар и доколку чувствувате дека тоа ве тишти и поради тоа да се затворате во себе, тогаш размислете за вистината. Но размислете. Вистината е најдобра кога е сервирана во целост, инаку не е вистина туку лага. Ако навистина ја сакате својата сопруга и ако ви значи среќата на вашите ќерки, тогаш пазете кога и како ќе им го соопштите тоа што имате да го кажете за другата страна на својата личност. Има партнери на кои таквото признание може да им го скрши срцето, а има и такви кои доживуваат олеснување бидејќи цело време се сомневале во тоа. На вас останува да процените каква е ситуацијата кај вас – му одговори Вирџинија.
Сепак во коментарите од читателите на писмото на Алан имало сешто. Додека ретки го сожалувале, други го нарекувале лицемер и  човек кој им ја уништува среќата на другите. Еден читател му советувал да се запраша дали неговиот брак некогаш бил среќен.Извесниот Алан, неколку години водел двоен живот – тој е во среќен брак со својата сакана сопруга со која има две ќерки, но отсекогаш имал ди

Пронајдете не на следниве мрежи: