ИСПОВЕД НА ЕДЕН РАБОТНИК: „Работодавачите ме претепаа, бидејќи барав плата“

Само сакав да си ја земам платата. И така работев на црно по десет часа дневно, па дури и во недела. Исплатата се вршеше секоја недела.-Им реков на газдите, браќата Петар и Дубравко Рупчиќ, дека во недела нема да можам да дојдам на работа ако не ми ги исплатат заостанатите плати. На крајот добив ќотек во нивната канцеларија, ја започнува приказната за „Јутарњи.хр“ паркетарот Никола Зубатовиќ (49), кој за фирмата „Паркетмонг југ“, работел нешто повеќе од три месеци.
-Веднаш штом му реков на Петар дека е лигавец и дека ме влече за нос, тој ми удри бокс, а тогаш ме фрли во столчињата и дивјачки почна да ме удира по грбот. Имаше крв на сите страни. Петар и понатаму сакаше да ме тепа, но неговиот брат го прекина со зборовите „Ма, пушти го. Знаеме каде живее, па ќе го претепаме“, рече Зубатовиќ.
Целиот случај е пријавен во полиција, а оттаму велат дека истрагата е во тек. Зубатовиќ ги пријавил работодавачите и во Инспекторатот за работа. Единствената сатисфакција од немилиот настан е што конечно ги добил парите – 300 евра.
Но, тој оттогаш стравува за својот живот, но и за животите на сопругата и двете ќерки.
„Мене ми е страв од нив. Дубравко тренира бокс и вели дека никој ништо не му може, дури ни полицијата“, продолжува несреќниот работник.
Од друга страна, Дубравко тврди дека тој лаже.
„Во моментов сум во Украина и немам врска со тоа што го зборува. Тој ги доби парите и за тоа му издадовме потврда. Не ми е јасно зошто нѐ клевети? Изгледа има приватни проблеми. Не е фер така неправедно да нѐ обвинува“, рекол Дубравко.
Сега сѐ е во рацете на полицијата, која треба да докаже кој е во право, а кој лаже.-Им реков на газдите, браќата Петар и Дубравко Рупчиќ, дека во недела нема да можам да дојдам на работа ако не ми ги исплатат заостанатите плати. Н

Пронајдете не на следниве мрежи: