ИСПОВЕД НА ЕДНА ИЗРЕВОЛТИРАНА СКОПЈАНКА: Еве каков ПЕКОЛ доживеала од нејзиниот нов сосед!

Скопјанката Сузан М. од Тафталиџе водела спокоен живот се додека не се доселил нов сосед во нејзината зграда. Нејзиниот нов сосед откако ќе пушти вода во бањата не ја запира, па водата тече и го поплавува нејзиниот стан. Иако за својот проблем се обратила до полицијата и социјалните служби, засега не добила помош.
Пред еден месец комшиите кои живееја над мене го продадоа станот и тука се преселија други луѓе и оттогаш започнаа моите проблеми. Човекот што се досели, кој има над шеесетина година, првпат ми го поплави станот пред три недели. Јас не бев дома, а кога си дојдов низ цел стан течеше вода како да врне. Веднаш се качив на катот над мене, тропав на вратата, но никој не ми отвори, иако тој беше дома. Го викнав неговиот син да види дека станот ми е целосно уништен, но и покрај тоа што го виде мојот стан и ми кажа дека ќе ми плати отштета, тоа не се случи и не се појави оттогаш – раскажува Сузан.
Станот и бил поплавен и по втор пат…

– Пред една недела и по втор пат ми беше поплавен станот. Веднаш го повикав брат ми, се качивме горе. Тогаш човекот ја отвори вратата, тушот со вода бил оставен да тече во вецето и неговиот стан беше целиот со вода. Откако повторно ми го поплави станот, целиот мебел го тргнав, креветите ми беа мокри. Што можев спасив, а пет дена спиев кај мојата мајка, бидејќи немав услови да спијам во мојот дом. За мојот проблем со соседот пријавив во куќниот совет, односно на фирмата којашто се грижи за зградата. Тие ми рекоа дека можат да ми пратат проценител за да ја проценат штетата, но никој не се појави да дојде да види што се случува со мојот стан – револтирано вели Сузан.
Од Општина Карпош велат дека единствено можат да помогнат финансиски, со тоа што Сузан треба да поднесе барање за направената штета, кое ќе се проследи до надлежните органи и доколку се утврди штетата, еднократно ќе и биде исплатено. Од МТСП велат дека нивни луѓе веднаш ќе излезат на терен.
Извор: ВечерНејзиниот нов сосед откако ќе пушти вода во бањата не ја запира, па водата тече и го поплавува нејзиниот стан. Иако за својот проблем се обратила д

Пронајдете не на следниве мрежи: