Исповед на една мајка: Двете деца ми се родија во период од пет недели

После повеќе спонтани абортуси и болни вештачки оплодувања, Ненси и Џастин пронашле сурогат мајка која  сакала да го  носи нивното дете. Но и Ненси останала бремена…Ненси Роден (33) и нејзиниот сопруг Џастин од САД се обидувале три години да добијат дете, но таа никако не можела да ја износи бремеоста до крај. После неколку спонтани абортуси и болни вештачки оплодувања, се одлучиле да  најадат  сурогат  мајка која би се согласила да го носи нивното  дете и така да им помогне да ја остварат најголемата животна желба. Но, се случило такво чудо што и  двајцата останале во шок- откако сурогат мајката останала бремена, забременила и Ненси.
Жената која го носела нивното дете  е 30-годишната Ешли Браун, мајка на  три деца која се одлучила да им помогне. Добивала хормонски терапии пред вметнувањето на ембрионот, а Ненси и  Џастин ослучиле да се обидат со уште едно вештачко оплодување, но немале никакви очекувања. Но, две недели подоцна добиле вест, Ненси била бремена. Но, таа  вест ја земале со резерва бидејќи не биле сигурни дали ќе ја изнесе бременоста до крај.

Токму затоа продолжиле со процедурата за подготовка за сурогат мајка за нивниот ембрион. Пет недели подоцна добиле среќна вест- и овој ембрион  добро се прифатил за матката. Ненси и  Џастин сега веќе почнале да веруваат дека сепак ќе станат родители.

 
„Бевме прилично исплашени кога дознавме дека сум бремена. Не сакавме да ѝ кажеме ништо на Ешли се додека не го видовме отчукувањето на бебето, по од прилика седум недели“, раскажала среќната мајка.
„Тоа беше прв пат  некому да бидам сурогат  мајка, но тоа е нешто за што размислував десет години, пред да се омажам. Јас едноставно уживам да бидам бремена. Како мајка не можам да замислам како е кога не може да се има свое дете“, раскажала Ешли.

Ненси и  Џастин добиле две ќерки. Ги нарекле Одри Елеанор и Лилиен Квин. Велат  дека  е најубаво  чувството  кога за прв пат го земале детето во  раце. Ги преплавило  чувство на неопишана среќа и  олеснување во исто време-  конечно  станале родители.Ненси Роден (33) и нејзиниот сопруг Џастин од САД се обидувале три години да добијат дете, но таа никако не можела да ја износи бремеоста до крај.

Пронајдете не на следниве мрежи: