Исповед на една самохрана мајка: Бев на клиника за абортус, но…

Кимберли Хендерсон е самохрана мајка на 4 деца. Ќарката Ваида Еверли ја добила во една неуспешна врска. Иако денес е пресреќна мајка, првата помисла кога дознала дека е бремена, била абортус. Еве зошто и како се откажала.Пред две години седев на клиниката за абортус и размислував дека најдобро ќе биде да не го родам бебето. Луѓето обично се сеќаваат на датумот на нечие раѓање или годишнина. Ова е датум кој остана врежан во моето сеќавање. Тоа е денот кој ќе го паметам и се сеќавам на секој детал од тој ден. Мислам дека тоа е начин Бог да ми каже дека неговиот план бил и ќе биде нешто подобро и поголемо од било што друго.
Седев на клиниката за абортус скоро седум часа. Се сеќавам дека носев розова маичка која беше натопена од моите солзи. Тој ден го напишав ова:
-Денес бев на клиниката за абортус . Се предомислив. Момчето ме изневери. Имам мали деца, што ќе помислат луѓето? Постојано си повторував дека сум сама и дека морам да го сторам ова. Само седев таму. Тешко дека можев да слушнам било што. Луѓето околу мене јадеа брза храна, праќаа пораки, се смееа. А од друга страна седев јас.

Си ги повторував причините поради кои требаше да го сторам ова. Ни самата не верував во тие причини. Си говорев дека ова не би се случило доколку користев таблети за контрацепција. Се обидував да се оправдам себе си за тоа што го правам. Но ми беше тешко. Имав чувство дека правам голема грешка и дека Бог ми дава знаци дека не треба да го сторам тоа. Се разбудив тоа утро, ќерка ми беше болна, морав да најдам бебиситрка, се изгубив, автомобилот ми се расипа, доцнев 15 минути, но сепак стигнав во клиниката.
Ме повика сестрата на приемно. Последен чекор. Претурав по паричникот да ги најдам документите, кога ми испадна картичката која ја добив минатата недела во црква.. Пишуваше:
„Немој да се плашиш, тука сум за тебе. Немој да се обесхрабруваш. Ќе те направам силна и ќе ти помогнам“.
Ја известив сесрата дека се предомислив. Тргнав кон вратата, кога ме застана една девојка, не постара од 19 години. Ме праша дали ќе го сторам тоа. И реков не, а таа ми одговори дека би сакала да биде храбра како мене… И реков дека и таа го може истото. Но ми одговори дека не може поради некои многу тешки околности. Додека заминував ми рече:

„Кога ќе го видиш лицето на бебето за прв пат ќе ти биде јасно зошто денес си замина од овде“.
Кога излегов имав чувство дека ми се симнал голем товар од грбот.
Се сеќавам кога за прв пат ја видов, прснав да плачам. И се сетив на зборовите на онаа девојка на клиниката… И беше во право. И повеќе од тоа.
Денес, неколку години подоцна, најмногу се сеќавам на олеснувањето и силата која ја почувствував кога излегов низ вратата. Нема вина. Нема срам. Знаев дека тоа мора да значи нешто еден ден.

Поентата на се е мојата ќерка Ваида Еверли. Нејзиното име значи „прекрасен живот“. А таа е токму тоа. По тешката бременост, тешките моменти кога мислев дека не можам се сама.. Во септември 2013 година и посакав добредојде на мојата прекрасна Ваида Еверли. Покрај мене беа и моите две најдобри пријателки.
Повеќе не беше важна психичката и физичката болката која ја почувствував… Ми пружи чувство на среќа кое не можам да го опишам. Надвор да започнеше војна, немаше да го забележам тоа.
Моето некогаш мало девојче денес има 8 килограми. Полна е со живот и енергија. Сака да се смее.
Целиот живот ми се промени. Засекогаш. На подобро. А јас сум толку среќна.Пред две години седев на клиниката за абортус и размислував дека најдобро ќе биде да не го родам бебето. Луѓето обично се сеќаваат на датумот на не

Пронајдете не на следниве мрежи: