Исповед на една трудница која била постојано малтретирана од страна на сопругот полицаец

-Ме тепаше секојдневно. Ме удираше со „тупаници“, ме туркаше на подот, ме навредуваше, „шутираше“. Ползев пред неговите нозе и морав да му зборувам дека многу го сакам. А јас навистина го сакав- вели Зорица.
Зорица е од Белград има 36 години. Таа бара заштита од државата затоа што постојано трпи насилство од страна на мажот. Од тепањето веќе загубила едно бебе, а се плаши и за својата иднина.
-Постојано бев малтретирана. Кога бев трудна ме истепа толку многу што со часови лежев во мојата крв и неможев да станам. На почетокот не беше така, јас и Душан многу се сакавме. Но тој преку ноќ се промени, стана чуден, непознат… или јас бев толку заслепена што веднаш не ја препознав неговата агресија. Стана вистински монструм. Се плашев да го погледнам- вели таа.
Нејзиниот маж со колегите ги вознемирувал родителите на Зорица
Зорица е продавачка, а нејзиниот маж Душан е полицаец. Три години живееле во вонбрачна заедница. Изложена секојдневно на малтретирање, психичко и физичко, пред една година го изгубила бебето.
Таа вели дека бебето кое сега го чека, многу го сака. Но се плаши дека насилникот повторно ќе ја пронајде и ќе ја повреди.
-Откако е дојдена седи покрај прозорецот и стравува- вели социјалниот работник.
Зорица е очајна поради неизвесноста која ја чека кога ќе се роди детето и кога ќе си замине од институцијата. Моментално нема работа, ни сопствен дом. Родителите кои се стари и болни не можат да и помогнат. Кога побегнала од кај мажот отишла веднаш кај нив, но не се чувствувала безбедно. Притоа, и тие се плашат од насилниот зет, кој често среде ноќ со колеги ги посетувал и ги малетретирал.
-Се надеваме дека после пријавата која Зорица ја поднесе против својот маж,  судот и полицијата ќе реагираат- вели социјалниот работник.-Ме тепаше секојдневно. Ме удираше со „тупаници“, ме туркаше на подот, ме навредуваше, „шутираше&ldq

Пронајдете не на следниве мрежи: