Исповед на калуѓерки: „Моравме да се камшикуваме секоја ноќ…“

„Калуѓерките беа присилени да ги  пишуваат  заветите со  сопствената крв, мораа да се камшикуваат пред спиење и  да јадат расипана храна“, изјавила една поранешна  членка во  редот на Фрањевките.„Ја бодевме кожата со  игла пред пишување и  бевме среќни што можеме да го  стоиме тоа“, раскажала неименувана калуѓерка како изгледало  нејзиното  служење  во манастир во 90-те години.
Калуѓерката која во тоа време имала 17  години, покажала дури и  стара разгледница со  Дева Марија, која е покриена со  кафено- црвени  букви, за кои таа тврди  дека се крв.
„Кажано  ни  е дека нашата врска со  Бога на тој начин ќе биде поавтентична“.
Сестрите Фрањевки морале потоа да ги уништат  картичките со  заветите, но  оваа калуѓерка одлучила да задржи  една за себе.
„Напишав две картички и  една сочував во куќата на родителите“
Калуѓерката  исто така тврди  дека редовно јаделе стара храна, како  јогурт и  конзервирано месо на кои им стекол рокот на траење.

 
„Ни рекоа послушно  да јадеме и  дека нема да ни  се случи ништо лошо. Но, тоа не беше вистина бидејќи јас имав сериозни проблеми  со  желудникот.“
 Додала дека калуѓерките биле поттикнувани  секоја ноќ да се камшикуваат и  тоа толку  добро за да им треба да  измолат  пет Авемарија, пет Оче наш и  пет Слава на отецот.
Ватикан  наредил истрага  за наведените тврдења и веќе е подготвено поголемо  досие кое ги  содржи  сведоштвата на уште неколку  калуѓерки, како и  членови  на редот кои  тврдат  дека тие работи  се случувале.
Во  предводникот на редот, Стефано Мариа  Манели,  ги негирал сите обвиненија. Инаку, тој  уште во 182  година го  започнал овој  ред кој има 9 манастири во Италија и  6  ширум светот.„Ја бодевме кожата со  игла пред пишување и  бевме среќни што можеме да го  стоиме тоа“, раскажала неименувана калуѓерка

Пронајдете не на следниве мрежи: